Металург на 6 август почнува со подготовките
Ракометниот клуб Металург со подготовките за новата сезона ќе почне на 6 август за кога е закажан и првиот собир.
Во меѓувреме новиот тренер, Данило Брестовац, го комплетираше стручиот штаб, при што прв асистент ќе му биде Оливер Димитриоски, додека тренер на голманите останува Петар Мисовски.
Клубот од Автокоманда висинските подготовки ќе ги помине во Маврово и ќе тренира се до...
Премиерот Заев ја прими новата британска амбасадорка Рејчел Галовеј
Премиерот Зоран Заев денеска ја прими во посета новата амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј, на која и посака добредојде и изрази уверување дека таа успешно ќе ги продолжи активностите за натамошно зајакнување на односите меѓу двете земји, информира владината прес-служба.
Премиерот Заев ја запознал амбасадорката Галовеј со актуелниот политички момент во земјата со...
Протестен марш против неконтролираната урбанизација на охридското крајбрежје
Активисти и поддржувачи на повеќе еколошки здруженија и граѓански иницијативи утре повторно ќе го кренат својот глас против неконтролирана урбанизација на охридското крајбрежје. Тие од Лагадин ќе маршираат до Охрид каде ќе се вклучат во протестниот перформанс што точно напладне ќе се одржи пред општинската зграда.
Мирниот протест организиран од „Охрид SOS“ и здружението „Стар Лагадин“ и поддржан од „Go...
Отворен повик за истражувачки стории за сите новинари
ПрајсвотерхаусКуперс (PwC) и Фондацијата за демократија на Вестминстер објавија повик за истражувачки стории кои ќе ги користат извештаите на Државниот завод за рецизија како извор на информации.
Повикот е во рамки на проектот „Зголемување на отчетноста и транспарентноста во Македонија преку подобрена имплементација на препораките од Државниот завод за ревизија“ поддржан од Владата на Обединетото кралство на Велика Британија и...
Македониците од Пустец со претседателот Мета го одбележаа празникот Огнена Марија
Македонците од општина Пустец, Мала Преспа, го одбележаа патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец.
На денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена-Огнена Марија, заедно со Македонците беше и претседателот на Албанија,Илир Мета, кој го честиташе, како што рече, овој свет ден и запали свеќа за здравје.
Поздравувајќи ги присутните верници, нагласи дека за кус временски период повторно е...
Со 68 гласови е усвоена одлуката за распишување на референдумот на 30 септември
Собранието на Република Македонија со 68 гласови „за“ и без „против“ и „воздржан“ и во отсуство на опозицијата попладнево донесе одлука на 30 септември 2018 да се одржи референдум за името кој ќе биде консултативен. Одлуката за распишување на референдумот беше изгласана со апсолутно мнозинство од вкупниот број пратеници.
Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и...
Мадона за 60. роденден собира средства за децата од Малави
Мадона својот 60. роденден ќе го одбележи со акција за собирање на средства за децата од Малави, која започна денеска и ќе трае до 31-ви август, а ќе биде спроведена во соработка со Фејсбук.
Заинтересираните ќе можат донациите да ги уплатат директно преку нејзината официјална страница на оваа социјална мрежа, а собраните средства ќе бидат наменети за фондацијата „Рајзинг Малави“.
-...
Хан: Да не се ризикува иднината на Македонија поради дневно-политички цели
Еврокомесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан е задоволен од стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, бидејќи, според него, покрената е нова динамика во регионот.
Во интервју за Еуроактив Германија, Хан истакна дека најголем напредок во последната година забележала Македонија, но и дека останатите од регионот напредувале повеќе од претходно.
На прашањето која земја од Западен Балкан постигна најголем напредок...
Четворица повредени при пад на хеликоптер во Пекинг
Четири лица се повредени откако се урна хеликоптер во главниот град на Кина, Пекинг.
Несреќата се случи утрово во северниот дел на Пекинг.
Според полицијата причина за несреќата е дефект на хеликоптерот.
Почна пленарната седница за распишување на референдум за името
Собранието на Република Македонија ја започна седницата за распишување на одлука за референдум за името. Иницијативата беше поднесена денеска од пратениците од СДСМ, ДУИ и Беса, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците не ја потпишаа.
Во Предлог-одлуката е предложено референдумот да се одржи на 30 септември, тој да биде консултативен, а референдумското прашање гласи: Дали сте за членство во...








































