Фото: ЕПА

ФУДБАЛ – СП 2026

Мексико на 30 јуни во Мексико Сити ќе игра со третопласираната репрезентација од групата Ц, Е, Ф, Х или И, откако како првопласирана од групата А обезбеди пласман во 1/16-финалето на Светското првенство (СП) во фудбал, што се игра во САД, Мексико и во Канада. По две кола во групата А мексиканската репрезентација, која прва се пласира понатаму, има шест бода, по победите на дуелите со Јужна Африка и со Јужна Кореја. Второпласираната селекција од таа група во 1/16-финалето ќе игра во Лос Анџелес, со второпласираната репрезентација од групата Б. Н.М.