Фото: ФУС

КОШАРКА

  • Црвено-жолтите надежи во финалето загубија од селекцијата на Англија со 18-22

Македонските ученици Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски постигнаа огромен успех на Европското училишно првенство (ЕП) во баскет 3х3, кое се одржа во Белград, Србија, освојувајќи го сребрениот медал, притоа впишувајќи пет победи и еден пораз. Постигнатиот резултат е историски, оти за првпат тим од Македонија учествуваше на Европското училишно првенство 3х3 и се врати со сребро.

Црвено-жолтите, кои беа сместени во групата А, ги совладаа селекциите на Молдавија (21-8), Хрватска 2 (21-15), Црна Гора (21-11), Хрватска 3 (21-10) и Србија 1 (17-16). Во четврт-финалето ја надиграа Хрватска 1 (21-17), а во полуфиналниот дуел повторно Хрватска 2 (22-9). Македонските кошаркарски надежи во финалето загубија од селекцијата на Англија со 18-22. Третото место го освои Србија 2, а од четвртата до 12-та позиција се пласираа: Хрватска 2, Хрватска 3 Србија 1, Турција, Хрватска 1, Црна Гора, Република Српска, Словачка и Молдавија.

Во женска конкуренција златото го освои селекцијата на Хрватска 2, пред Србија 1, додека бронзата ѝ припадна на Турција. Од четвртата до десеттата позиција се пласираа: Србија 2, Англија, Република Српска, Хрватска 1, Бугарија, Словачка и Црна Гора. Г.И.