Грчки шпекулации или…
Настаните поврзани со преговорите се менуваат толку драматично последниве неколку недели, што станаа и тешки и мачни за следење за јавноста во земјава.
Во меѓувреме и македонската и грчката страна тврдат дека досега е направен исклучителен напредок во преговорите за решавање на спорот за името, но одложувањето на најавениот телефонски разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ја разбранува...
Анкетите како алатка за манипулација?
Можно ли е политичките анкети да бидат полни со неточни информации и да бидат алатка за манипулација на гласачите. Ваквата дилема стана актуелна во регионалната јавност неделава, по малку очекуваната победа на словенечките парламентарни избори на партијата на Јанез Јанша, Словенечката демократска партија (СДС), која убедливо триумфира на изборите во земјата освојувајќи 25,6 проценти од гласовите.
Хрватскиот портал „Дневно“, анализирајќи...
Харадинај бара интензивирање на работата за европски реформи
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај побара од надлежните институции во земјата интензивирање на работата за исполнување на реформите од европската агенда.
Харадинај по денешната седница на Меѓуминистерскиот совет за европски интеграции нагласи дека интегрирачката агенда е во интерес на сите.
- Европската агенда е наш интерес, но се надоврзува и со визната либерализација и го зголемува притисокот врз Владата за реализирање на...
Ким Јонг-ун пристигна во Сингапур
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун вчера пристигна во Сингапур, два дена пред долго очекуваниот самит со претседателот на САД, Доналд Трамп. Предвидено беше Ким да оствари средба со сингапурскиот премиер Ли Ксијен Лунг.
Трамп претходно порача дека наскоро заминува во Сингапур на „мировна мисија“ на самитот со севернокорејскиот лидер.
- Ким ќе има само една шанса во форма на самитот во Сингапур...
Георгиевски и Павлевски признаа вина, постапката за нападот врз Села ќе се раздвои
Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски за кои Обвинителството по разгледувањето на новите докази го смени обвинителниот акт, од обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во насилство за настаните во Собранието на 27 април лани, денеска пред судот ја признаа вината по новото обвинение.
- Ја признавам вината, го разбирам обвинението, рече Георгиевски.
Неговиот адвокат Дончо Наков побара, согласно новото обвинение,...
Трамп го напушти самитот на Г7 и остро го критикува канадскиот премиер
Обвинувањата до Трудо се напад без преседан на некој лидер на земја што е сосед или сојузник на САД, оценува Асошиејтед прес
Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти самитот на Г7, кој се одржуваше во канадската покраина Квебек. Трамп, во текот на летот со претседателскиот авион „Ер форс уан“ кон Сингапур, упати повеќе критики и обвинувања на сметка на домаќинот...
Мешовита комисија ќе врши истрага за исчезнатите бебиња во Србија
Мешовита комисија што ќе врши истрага за случаите со исчезнати бебиња, а во која се претставници од државни институции и родители на деца кои се сомневаат дека децата им се исчезнати од породилишта, почнува со работа. Тоа се случува четири месеци по основањето на таа комисија, објави весникот Вечерње новости.
– Формирањето и почетокот на работата на комисијата едвај го...
Реките со повисоки водостои, над дозволениот максимум Охридско и Дојранско Езеро
Над просечното ниво за јуни се водостоите на поголем дел од реките во Македонија, а кај езерата над дозволениот максимум се Охридското Езеро со 11 саниметри и Дојранското Езеро со девет сантиметри.
Денешните хидролошки мерења покажуваат дека под просекот за јуни се водостоите на Црна Река со 37 саниметри, Крива Река каде двојно е пониско нивото и Сатеска Река со...
Мигрантите по секоја цена бараат начин за влез во ЕУ
Бројот на мигрантите што почнуваат да ја користат новата маршрута преку Албанија до Европската унија изминатиот период е драстично зголемен. Мигрантите од Блискиот Исток, Северна Африка и некои делови на Азија поради повеќе причини ја напуштаат старата маршрута на движење низ Македонија и низ Србија. Бројот на луѓето што почнуваат да ја користат маршрутата на движење преку Албанија и...








































