Харадинај: Нема менување на границите на Косово
Границите на Косово не треба да се чепкаат,поставени се како резултат на војните, порача косовскиот премиер Рамуш Харадинај, од албанскиот приморски град Валона,повторувајќи го својот став против идејата за менување на границите на Косово и размена на територии.
Кусо по прес конференцијата на косовскиот претседател Хашим Тачи одржана во Приштина, околу ова прашање, Харадинај, отсечно му порача дека „нема менување...
Во Србија најсиромашните граѓани и потстанарите ќе добиваат бесплатна струја
Во Србија од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Уредбата за енергетски загрозените купувачи, според која се поголем број потрошувачи ќе можат бесплатно да користат струја.
Со таа Уредба надлежните се обидуваат на најсиромашните граѓани да им ја олеснат процедурата за добивање бесплатни киловати, пишува „Вечерње новости“.
Долниот лимит на приходот на домаќинствата е зголемен, според кој тие ќе...
Левица поднесе иницијатива за оценување на уставноста на одлуката за референдумот
Политичката партија Левица денеска поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдум донесена од страна на Собранието на Република Македонија. Одлуката, според партијата, по неколку точки не е во согласност со Уставот, Законот за референдум, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија.
Левица бара Уставниот...
Одбележани 17 години од нападот кај Карпалак
На одбележувањето на 17 годишнината од загинувањето на 10-мината македонски
бранители во 2001 година кај месноста Карпалак помеѓу Тетово и Скопје оние кои го
преживеаа нападот повторно потенцираа дека секој пат го имаат истото барање - достојно спомен обележје да се постави на тоа место.
Речиси две децении поминаа и ниту една Влада не постапува по нивните барања, велат бранителите.
-Секоја година исто...
Земјоделците ќе добијат обесштетување за непогодите во 2015 и 2016 година
Министерството за земјоделство очекува наскоро да почне обесштетувањето од поплавите и временските непогоди во 2016 и 2015 година. Предметите се во надлежната владина комисија, а подготвена е информацијата што треба да помине на седница на Владата, по што ќе почне исплатата, најави вчера шефот на кабинетот во Министерството, Трајан Димковски. Тој дополни дека за обесштетување на земјоделците од временските...
Поевтина струја, почист воздух и стабилен енергетски систем
" order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"]
Со поставување 10 илјади сончеви покриви, Република Македонија во атмосферата ќе емитува 30 милиони килограми помалку јаглероден диоксид секоја година, во споредба со еквивалентното производството на струја од фосилни горива
Намалување на загаденоста на воздухот, помали сметки за струја за граѓаните и поголема стабилност за електродистрибутивната мрежа ќе се обезбеди со реализација на проектот насловен „10.000...
Се воведува ограничување на трошоците за брзи кредити до 200 евра
Се намалуваат високите трошоци за брзите кредити кои ги издаваат финансиски друштва, но и една банка. Со законските измени, што ги изготви Министерството за финансии, вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничуваат на 55 проценти од кредитот, кои досега достигнуваа и до 500 проценти од сумата на кредитот.
Со измените се опфаќаат мали кредити под 200 евра што...
Со сливи „трновки“ се полнат казаните за ракија
МНОГУВЕКОВНА ТРАДИЦИЈА ВО КИЧЕВСКО-БРОДСКИОТ РЕГИОН
Како што привршуваат жетвените работи така жителите од кичевско-бродскиот регион сѐ повеќе се фокусираат кон собирање сливи, од кои добиваат првокласна домашна ракија,традиција што трае со векови. Годинава кон жителите од овој регион и природата беше милостива, бидејќи родот на сливите е над повеќегодишниот просек, а без сливи „трновки“ нема ни добра домашна ракија. Традицијата...
АМСМ: На Богородица и Табановце се чека до 30 минути за излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, информира АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од...
Од поранешните функционери обезбедување користи само уште Груевски
МВР го укина и последното лично обезбедување за функционери од поранешната влада. Од МВР за МИА потврдија дека по направените безбедносни процени не постои безбедносен ризик врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и поради тоа е укинато.
- Од поранешните функционери обезбедување сѐ уште користи само поранешниот претседател на Владата Никола Груевски. Нему му следува обезбедување толку години колку...









































