Трет зборник за Овче Поле
По издавањето на првиот „Зборник за Кратовски регион“, годинава, и објавувањето на двете книги „Зборник за Овче Поле“, минатата година, Никола Ристевски најавува нова трета книга за овој регион.
- Третата книга „Зборник за Овче Поле“ на читателите им нуди стар попис од 16 век, фототипни страници од стари книги и весници, написи за бакарното гумно, текстови за ослепувањето и...
Противпожарна служба на Грција: 92 жртви во пожарите во Атика
До овој момент бројот на жртвите од пожарите што беснееја во источна Атика пред две недел, достигна 92 лица, соопшти грчката противпожарна служба.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, бројот на идентификувани жртви е 81, постојат две неидентификувани тела со достапна ДНК, но никој не ги побарал, додека пак во атинските болници на повредите им подлегнаа девет лица.
Кривична за полицаец за одземање на мобилен од мигрант
Полицаец од Регионалниот центар за гранични работи Север заработи кривична пријава за одземање мобилен телефон од мигрант и за издавање фиктивна потврда за вратени предмети.
Како што соопшти МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против З.С. - вработен во РЦГРС поради постоење основи на сомнение за...
Жените бараат образовани мажи
Податоците од истражувањето на Техничкиот Универзитет Квинсленд во Австралија покажуваат дека образованието е најважна карактеристика, која денешните жени ја бараат кај мажите.
Во студијата која опфатила 40.000 корисници на интернет страниците за запознавање партнери, на возраст од 18 до 80 години, експертски тим анализирал повеќе од 250.000 интеракции на корисници на еден од најпопуларните и најдоверливи австралиски сајтови за пронаоѓање...
Во скопската Зоолошка градина пристигнуваат пингвини
Во Зоолошката градина во Скопје од пролетта следната година ќе бидат донесени пингвини.
Од Зоолошката градина наведуваат дека скопјани долго време ги очекуваат пингвините, но минатата година изградбата на живеалиштето одеднаш беше стопирана, иако веќе одамна беше најавено доаѓањето на пингвините.
Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски вели дека се надминати небулозните причини поради кои живеалиштето не било изградено на...
Иритирани балканските престолнини
Преродбенските пројави на македонството (10)
Во Македонското научно-литературно другарство во С. Петербург е донесен и Уставот на другарството, а со него првпат и официјално како задолжителен е воведен македонскиот литературен јазик во службена употреба, според правописните принципи претставени во книгата „За македонцките работи“
Пишува д-р Блаже Ристовски
Српско-бугарското псевдозближување се правеше заедно со засилената борба на соседните држави за зачувување и...
Хајко Мас: Одлуката на САД да наметне санкции против Иран може да ја зајакне нестабилноста во регионот
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, предупреди денеска дека одлуката на САД за воведување санкции кон Иран би можела да ја зголеми нестабилноста во регионот.
Во интервју за германскиот весник „Пасауер ноје пресе", Мас ја оцени како „грешка" одлуката на САД да се повлече од нуклеарниот договор со Иран, бидејќи договорот е многу подобар од секоја алтернатива.
- Ние се...
Дачиќ: Јас не ја отворив Пандорината кутија за разграничување со Косово
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека не е тој кој ја отворил „Пандорината кутија“ говорејќи за разграничувањето со Косово. Тој додаде дека кога е прогласена независноста на Косово, требало да се прогласи независност и за Република Српска (БиХ), како и да за својот став за поделбата на Косово говорел десетина години.
- Тоа јас го кажав и...
Каменос: Пред Договорот да дојде во грчкиот парламент, ќе ја напуштиме владата
Пред Договорот од Преспа да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата, а земјата ќе оди на избори, вели лидерото на партијата Панос Каменос, коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција.
Во интервју за радиото „Реал фм“, тој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да отстапи од позициите.
-...
Трамп: Кој тргува со Иран, нема да тргува со САД
По воведувањето на новата рунда американски економски санкции за Техеран, Европската Унија порача дека ќе ги заштити европските компании во Иран
Иранскиот претседател Хасан Рухани остро ги критикуваше САД поради повторното воведување американски санкции за повеќе делови од економскиот сектор на Иран. Рухани порача дека санкциите, кои вчера стапија во сила, претставуваа психолошка војна, чија цел е да предизвика раздор...









































