Зариф: Преговорите со САД не се табу, но треба да имаат цел
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека преговорите со САД нема да бидат табу, но без дневен ред тие ќе бидат безначајни за Иран.
Зариф подвлече дека Иран никогаш не ги отфрлил преговорите како политичко средство, но, тие треба да имаат јасна содржина и цели.
Тој рече дека веќе никој нема доверба во САД и тешко е да...
За референдумот ќе се потрошат близу 3 милиони евра
ДИК планира да потроши 169.770.000 денари за целосно спроведување на референдумот за договорот со Грција што треба да се одржи на 30 септември. Како што образложи претседателот на комисијата, Оливер Дерковски, тоа е намалување за 20 проценти во однос на средствата одобрени од Собранието на РМ во износ од 210 милиони денари.
- ДИК има обврска да донесе финансиски план...
АХВ: Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во маркети низ Македонија открила мелено месо за ќебапи и плескавици со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано (говедско и свинско).
Месото е повлечено од продажба, а операторите со храна се парично казнети - со по 5.000 евра како правен субјект, односно со по 1.700 евра одговорните лица во компанијата.
Како...
Електронскиот дневник на стаклени нозе
Е-дневникот на ниво на држава не е во целост функционален од април годинава и оттогаш не е избрана нова фирма што треба да го администрира
Министерството за образование и наука не избрало фирма задолжена за администрирање на електронскиот дневник. Ова го потврдија оттаму, откако група професори од средното училиште „Михајло Пупин“ реагираа дека просветните инспектори утврдиле дека не пополнувале податоци...
Најголемата статуа можеби ќе никне во Мумбај
За реализација на овој проект се одобрени над 500 милиони долари
Плановите во Индија, односно во Мумбај да се изгради најголемата статуа во светот во вода наидоа на голем револт и бунт од страна на милиони жители во Индија, кои се борат со сиромаштија. „Шив Смарак“ или „Чхатрапати Шиваџи махараџа“ е споменик што е во изградба во чест на индискиот...
ЕК го одобри преземањето на „Горење“ од кинеската „Хисенс“
Европската комисија(ЕК) го одобри купувањето на словенечкиот производител на апарати за домаќинство „Горење“ на кинеската компанија „Хисенс Груп“ (Hisense Group).
Проценето е дека ова преземање нема да ја наруши конкуренцијата на пазарот.
- Комисијата заклучи дека предложената трансакција нема да предизвика проблеми со конкуренцијата, со оглед на ограничените пазарни позиции на двете компании заедно, како и фактот дека голем број конкуренти...
Шумите горат, се гасне нашата планета
Глобален осврт: пожарите како повод
Исчезнувањето на шумите е одговорно за повеќе од 10 проценти емисии на јаглерод диоксид со секоја наредна година
За време на минатогодишната суша во Бразил, огновите со кои се расчистуваше обработливата површина избегаа од контрола, уништувајќи повеќе од 1,2 милион хектари дрвја.
Во Колумбија мировната спогодба со групата бунтовници им го отвори патот на рударите, дрвосечачите и...
Азбестот сè уште е реална закана
Многу училишта, градинки и згради градени од поодамна го имаат овој материјал, за кој е докажано дека е канцероген и дека директно влијае врз здравјето на луѓето, а може да предизвика азбестоза, рак на белите дробови и на грлото
Азбестните покриви сè уште остануваат проблем на дел од жителите во главниот град. Азбестните материјали, за жал, може да се најдат...
Во Чикаго распореден дополнителен број полицајци поради зголеменото насилство
Во предградијата на Чикаго распоредени се стотици дополнителни полицајци поради зголеменото насилство, откако за време на викендот во пукотници се убиени најмалку 11 лица, а ранети 70.
Претставник на локалната полиција Еди Џонсон на прес-конференција изјави дека во две населби, каде имало престрелки, веќе се распоредени 400 полицајци. Уште 200 ќе бидат распоредени до викендот.
Џонсот истакна дека престрелката од пред...
Руска амбасада во Тирана: Косовското прашање да се реши врз основа на Резолуцијата 1244
Амбасадата на Руската федерација во во Тирана, во реакцијата околу идејата за промена на границите на Косово,оценува дека прашањата за статусот на Косово треба да се реши врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
Исто така стои дека Русија инсистира на реализација на сите договори постигнати во рамките на разговорите Белград-Приштина и никогаш нема да...









































