Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ, истакна Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на денешната средба во Кина со премиерот на Словачка, Роберт Фицо, изјави дека Москва никогаш не била против потенцијалното членство на Украина во ЕУ. - Што се однесува на членството на Украина во ЕУ, никогаш не приговаравме. Што се однесува на НАТО, тоа е друго прашања … Нашиот став е добро познат: сметаме дека тоа...

Германија или ќе гласа за АфД или тоа ќе биде крај за Германија, порача Маск на платформата „Икс“

Американскиот милијардер Илон Маск преку својата платформа „Икс“ повторно се вмеша во предизборната кампања во Германија во корист на десничарско популистичката Алтернатива за Германија (АфД) -  објавија германските медиуми. - Или Германија ќе гласа за АфД или тоа ќе биде крај за Германија - објави Маск на „Икс“ пред локалните избори што се закажани на 14 септември во најнаселената германска...

Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, истакна Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз неа ја оцени како „системска победа за жртвите на насилство“. -Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник. Насилникот не...

Проширувањето на Унијата е геополитичка неопходност и ќе биде приоритет на кипарското претседателство со ЕУ, истакна Рауна

Проширувањето на Европската Унија претставува геополитичка неопходност и е катализатор - порача заменик-министерката за европски прашања на Кипар Марилена Рауна и посочи дека проширувањето ќе биде еден од приоритетите на кипарското претседателство со ЕУ во првата половина на следната година, јави дописничката на МИА од Атина. При пристигнувањето на неформалниот Совет за општи работи во Копенхаген таа рече дека темата...

Забраната за движење во шуми продолжена до 30 септември

Забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември, соопшти попладнево Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. За непочитување предвидена е глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност. Од Министерството ги повикуваат граѓаните на особена претпазливост со цел спречување на појавата на пожари на отворен простор. Посочуваат дека и во периодот што следи не е намалена опасноста од...

ДИК: Доставени 69 иницијативи за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје

До вчера на полноќ до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје. Како што информира денеска ДИК, листите на кандидати за членови...

Николоски: Антидемократски структури сѐ уште се борат против демократска Македонија

Антидемократски структури сѐ уште се борат против демократска Македонија, сѐ уште сакаат да владеат со Македонија. Ова е четврти пат како се злоупотребува Тајната служба и секогаш тоа е против ВМРО-ДПМНЕ. Време е за одговорност, време е Обвинителите и судиите да го положат испитот и да донесат разрешници бидејќи граѓаните тоа го очекуваат, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски,...

Копенхашките критериуми мора да останат водилка на процесот на проширување, вели Муртезани

Македонија е целосно посветена на примена на Копенхашките критериуми, кои мора да останат водилка на процесот на проширување на ЕУ, изјави денеска во Копенхаген министерот за европски прашања Орхан Муртезани во обраќањето на неформалниот состанок на министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ и државите кандидати за членство. - За нас тие (Копенхашките критериуми) не се само услови,...

Трамп: Израел победува во војната во Газа, но губи во односите со јавноста

Израел „можеби ја добива војната“ во Газа, но губи „во светот на односите со јавноста“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју објавено вчера за конзервативното американско издание „Дејли Колер“, пренесуваат британските медиуми. Трамп, како долгогодишен сојузник на Израел, ја призна промената во јавното мислење откако беше прашан за неодамнешното истражување на истражувачкиот центар Пју кое покажа пад на поддршката...

Во земјотресот во Авганистан досега загинале повеќе од 1.400 лица, над 3.000 се повредени

Бројот на жртви од земјотресот што го погоди Авганистан надмина 1.400, објавија денеска талибанците. - Повеќе од 3.000 лица се повредени - изјави портпаролот на владата на талибанците, Забихулах Муџахид, на социјалната мрежа X. Претставници на Обединетите нации во Авганистан велат дека спасувачите во моментов се во трка со времето за да стигнат до оддалечената планинска област погодена од земјотрес со...