Повредените во сообраќајката на патот Маврово-Гостивар се пренесени во болница

Пет лица повредени во сообраќајката што се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар - Кичево, се пренесени на скопските клиники, а едно е задржано во Болницата во Гостивар. Сите се надвор од животна опасност. Сообраќајот кој беше во прекин заради увид, од 18:30 часот е нормализирам и се одвива во двата правци без застој, информира портпаролот на СВР Тетово,...

Муртезани од Тирана: Коридорот 8 – симбол на интеграција и европска поврзаност

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествувал на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што се одржува во Тирана, Албанија, каде во рамки на првиот ден од Конференцијата бил говорник на панелот на тема „Албанците во регионот – заеднички идентитет, заедничка европска цел“. Во своето обраќање, како што соопштија од Министерството за европски прашања, министерот Муртезани нагласил дека патот кон Европската Унија...

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. Како што соопшти МВР, сообраќајката како и бројот на повредени биле пријавени во ОВР Гостивар попладнево во 15:56 часот. - Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар...

Ѓорѓиевски: Фестивалот „Егзит“ од следната година доаѓа во Скопје

Градот Скопје од следната година ќе биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации – „Eгзит“ (EXIT). Веста ја потврди основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ, по средбата со градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. - Убеден сум дека бренд како „Егзит“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда...

Се одржува 34. Мото- рели „Независност“

Во изминатите три дена на патиштата низ Македонија се одржа 34-тото Мото-рели „Независност“, на кое зедоа учество учество околу 270 мотоциклисти од земјава и од странство од сите возрасти и на различни мотоцикли. - Стартот на релито беше во 10 часот на 6 септември во Скопје, од каде мотоциклистите патот го продолжија кон Куманово, Кратово, Кочани, сѐ до Струмица, каде...

Мицкоски: Наш приоритет се европските интеграции, но тој пат не смее да биде срамен, туку достоинствен

Наш приоритет се европските интеграции, но тој пат не смее повеќе да биде срамен, туку достоинствен, порача премиерот Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање на свеченоста по повод Денот на независноста. - Наш приоритет се европските интеграции. Биле, се и ќе останат врвен приоритет, но тој пат не смее повеќе да биде срамен, треба да биде достоинствен. Треба да биде...

Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ – Виница

Државното обвинителство денеска соопшти дека е почнат увидот во фабриката „Макпрогрес“ - Виница каде во пожар изгореа производствен погон и две магацински простории. - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини” во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се...

Петмина загинати во вооружен напад во Ерусалим – убиени двајца осомничени напаѓачи

Најмалку пет лица загинаа денеска во вооружен напад на автобуска постојка во Ерусалим, соопштија медицинските служби, пренесува ДПА. Израелската итна медицинска служба „Маген Давид Адом“ јави дека четворица загинале на самото место во северен Ерусалим, додека уште една жена починала во болница од здобиените повреди. Уште 12 лица се пренесени во болница, од кои седум се во тешка состојба. Полицијата соопшти дека...

Санчез воведе ембарго на извоз на оружје за Израел

Шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека неговата влада воведува ембарго на оружје за Израел во обид, како што рече, „да се запре геноцидот во Газа“. Мерките, кои стапуваат во сила веднаш и вкупно се девет, вклучуваат и забрана за патување за лица директно вмешани во, како што ги нарече, „масакрите“, пренесува ДПА. - Шпанија ќе биде на вистинската страна на историјата...

Служебните возила до 15 септември мора да имаат нови таблички

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат утре на прес-конференција што ја најавува Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче...