Архива / Фото: Нова Македонија

Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен.

– Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест – појаснија од Министерството за здравство.