Во јули 209.932 туристи, најмногу од Турција, Србија, Полска и Холандија
Во јули годинава во државава се регистрирани 209.932 и 770.733 ноќевања. Во периодот јануари-јули годинава вкупниот број на туристи е зголемен за 10,2 проценти, при што кај странските зголемувањето е 15,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број туристи во јули, 42,1 процент се домашни, а 57,9 проценти се странски. Најмногу странски туристи во јули имало од...
Во фабрика во Кавадарци загинал работник од Кина
Триесет и осумгодишен работник од Кина загинал во фабрика во Кавадарци. МВР во дневниот билтен соопшти дека вчера (10 септември) во 12:10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кинескиот државјанин Г.Х. (38), додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт,...
Мицкоски за декласификацијата на прислушуваните материјали: Си има процедура Обвинителството
Премиерот Христијан Мицкоски за барањето за декласификацијата на прислушуваните материјали по наводите за негово незаконско прислушување како опозициски лидер денеска изјави дека Обвинителството има процедура.
- Си има процедура Обвинителството, во нивни раце е, така што на таа тема повеќе нема што да додадам, сепак тоа се теми во кои сум бил индиректен учесник и не би имал што да...
Пожарот во Дрисла се гаси со специјална пена, а Вардариште го чува агенција за обезбедување
На седница на Управувачкиот комитет, тело при Владата е донесена одлука во која се бара воведување на забрана за движење низ депонијата Вардариште, соопшти на денешната прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека комитетот ја разгледал оваа можност и ќе треба дополнителни консултации за нејзиното воведување.
- Се соочуваме со некои формално-правни пречки бидејќи...
Обвинение против три лица за дивите депонии во Вардариште
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад. Согласно обезбедените докази, тие од 2020 година вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без да регистрираат правно лице и без дозвола за управување со отпад, со...
Заврши постапката по јавниот тендер за трет мобилен оператор
Агенцијата за електронски комуникации објави дека заврши постапката по јавниот тендер за доделување радиофрекфенции за трет мрежен оператор во државава, на кој што единствен понудувач е „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. По одлуката за завршување на постапката директорот на АЕК, по завршување на Локалните избори закажани за 19. следниот месец, треба да донесе одлука за избор на најповолен...
Судскиот совет нема да постапува за време на изборите
Со седум гласа „за“ и четири „против“, Судскиот совет денеска на седница изгласа одлука да останат во сила заклучоците донесени за изборите во 2024 (претседателски и парламентарни) според кои постапувањата во надлежност на Советот да бидат ставени во мирување додека заврши изборниот процес, со напомена дека овојпат се однесуваат на локалните избори 2025.
Во расправата за тоа како треба да...
Ангелов: Владата по изборите ќе се зафати со трајно решевање на проблемите со депониите Дрисла и Вардариште
Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спарување, Стојанче Ангелов ќе побара од надлежните институции да се направат дополнителни испитување на составот на отпадните води кои се создаваат на депонијата Дрисла и да се утврди каква е опасноста од нив. Нагласи дека по изборите ќе се пристапи кон трајно решавање на состојбата на депониите Дрисла и Вардариште.
Тој на денешната...
Потпишана нова Рамка за соработка со Обединетите нации
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и постојаниот координатор на ОН во Македонија Рита Колумбија денеска потпишаа нова Рамка за соработка со Обединетите нации 2026 – 2030, која претставува клучен стратешки документ кој ќе го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години.
Како што соопшти МНРиНТ, приоритетите на коишто ќе се...
Конкурентите „инспирираа“ нови функции на Инстаграм
Техно
Инстаграм доби опции за споделување објави на други луѓе, споделување локација и преглед на активностите на пријателите. Најинтересна е опцијата за репостирање. Во однос на вестите, тоа функционира многу слично на ретвитање на X, односно ви овозможува да ги споделувате јавните снимки и објави на други луѓе, а тие репостирања ќе им бидат прикажани на вашите следбеници. Сè што...







































