Рама го објави составот на новата влада, за првпат жена на чело на полицијата
Лидерот на албанските владејачки социјалисти, Еди Рама, го соопшти новиот состав на 17- члениот владин кабинет „Рама 4“, во кој за првпат на чело на полицијата ќе биде жена, Албана Кочиу, досегашна министерка за здравство.
На функцијата потпретседател на владата и министерка за инфраструктура и енергетика останува Белинда Балуку, исто како и Пиро Венгу, во ресорот одбрана и Петрит Малај,...
Европарламентот одби да му оддаде почит на Чарли Кирк со едноминутен молк
Европскиот парламент за време на денешното заседание во Стразбур го одби барањето на европратеникот Чарли Вајмерс од десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), европратениците со минута молк да му изрази почит на Чарли Кирк.
Пред денешниот термин за гласање, Вајмерс побара Европарламентот да го осуди атентатот врз Кирк и да му изрази почит.
- Убиството на политичкиот активист Чарли Кирк,...
Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека наскоро постхумно ќе му го додели Претседателскиот медал на слобода на американскиот патриот Чарли Кирк, кој беше убиен вчера во атентат во Јута.
Зборувајќи на комеморацијата во Пентагон по повод 24-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година, Трамп рече дека Кирк бил „гигант од својата генерација, застапник на слободата и инспирација...
Љутков: Со 2,5 милиони денари почнува времена заштита на „Македониумот
Веднаш ќе започне привремената заштита на „Македониумот“ во Крушево, а до средината на идната година ќе биде готов проектот за целосна реконструкција на споменикот од прва категорија „Илинден“ или попознатиот „Македониум“ во Крушево.
Министерството за култура и туризам додели 2,5 милиони денари за привремената заштита од протекување во „Македониумот“. Паралелно ќе се работи на проектот за целосна реконструкција на споменикот....
Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“
Донесена е забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, а надлежен за оваа проблематика е првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Како што информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, Управувачкиот комитет за координација и...
Николоски: Воена болница добива нов лик, ќе добиеме најмодерна бoлница во држвата
Лекарите ќе добијат подобри услови за работа, а пациентите една од најмодерните болници во државата. Со инвестиција од 12 милиони евра целосно се реконструира болницата, истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Воената болница заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Азир Алиу.
Тој додава дека ова е проект кој го работат во рамки на...
Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека поради пожарот кој избувна на поранешната депонија за комунален отпад „Дрисла“, пред два дена, на 9 септември е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на државниот Инспекторат за животна средина по пријава од полициската станица Гази Баба.
Како што стои во соопштението на МЖСПП, инспекцискиот надзор бил извршен од страна на...
Меџити – Агелер: Соработка со САД за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска остварил средба со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, на која, како што ианформираат, се дискутирало за техничка и научна соработка за заштита на Охридското Езеро, природно и културно богатство кое е заедничко за Македонија и Албанија.
Целта на соработката, како што информираат од...
Комплетно реконструирани седум оперативни сали и блокот за патологија и лабораторија во ГОБ „8 Септември“
Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николовски и министерот за здравство Азир Алиу, денеска, ја посетија ГОБ „8 Септември“ каде заедно со директорот на Градската општа болница, Синиша Стојаноски, извршија увид на градежните работи и реконструкцијата на оперативниот блок, Одделението за патологија и хистопатолошка дијагноза и Централната клиничка лабораторија.
Како што посочи директорот на ГОБ „8 Септември“ Стојаноски, Одделението...
Мицкоски: Имаме планови за трајно решение на проблемот со депониите
Како многу други работи што решивме во овие 15 месеци, ќе го решиме и овој проблем, а со новиот градоначалник во Скопје, јас сум убеден дека овој проблем трајно ќе се реши. Затоа што тука е потребна фабрика за отпад, тука е потребна производна единица која што метанот ќе го користи за електрична енергија и имаме планови за трајно...







































