Фото: МВР/Фејсбук / Илустрација

Во изминатото деноноќие полицијата привела 15 лица низ државата поради кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, сите приведени управувале возило без возачка дозвола, а петмина од нив се малолетници.

По целосното документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од Министерството апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возило без возачка дозвола, за време на изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.

 – Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани – наведуваат од МВР.