Увидот за причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре
Увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре, а увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, информираат од Обвинителство.
По наредба на јавниот обвинител, како што посочуваат од Обвинителство, екипи на СВР Скопје и денеска излегле на лице место со цел преземање дејствија и прибирање...
Три документарни и три играни филмови на 10. ММФ Киненова
Три документарни и три играни филмови ќе бидат прикажани на 10. Меѓународен филмски фестивал на дебитантски филм Киненова 2025. Фестивалот ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври. На отворањето на фестивалот во Македонската опера и балет ќе биде прикажан филмот „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“ на хрватскиот режисер Јуре Павловиќ. Останатите филмови ќе бидат прикажани во Киноверзумот...
Специјални таблици досега добиле околу 500 службени возила
Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, денеска ја посети Општина Гази Баба, како една од првите општини кои пристапиле кон промена на нови специјални таблици за службените возила. Томовски посочи дека покрај останатите државни институции кои ја прават промената, во процедура за нови специјални таблици се уште неколку скопски општини, како и Општините –...
Практичната настава во „Булмак 2016“ креира идни рудари и инженери од Македонија, Хрватска и Норвешка
Над триесетина средношколци и десетина студенти годишно посетуваат пракса во „Булмак 2016“ во Пробиштип. Компанијата, која управува со двата поголеми рудници за оловно-цинкова руда Злетово и Тораница, има потпишано договори со средните училишта во Пробиштип, Штип и Крива Паланка, како и со Универзитетот „Гоце Делчев“ за одржување на практична настава. Последните три години се реализираат и научни екскурзии со...
Јаневска: Околу 1.800 ученици од Трубарево непречено следат онлајн-настава
Без проблеми се одвива онлајн-наставата за ученици од четири училишта во општина Гази Баба со цел тие и нивните наставници да се заштитат од штетни материи по големиот пожар во магацин за отпад во Трубарево во саботата.
- На мое големо задоволство, наставата тече без пречки. Околу 1.800 ученици од четирите училишта во Трубарево ја посетуваат наставата и досега немаме...
Мицкоски: Градежен бум во Јегуновце и решавање на проблемите на граѓаните
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја посети општина Јегуновце каде со градоначалникот Димитар Костадиноски направија увид во неколку инфраструктурни проекти. Прво ја посетија новоизградената градинка во Вратница, стадионот и центарот на Јегуновце и на крајот мега паркот во изградба во Сиричино.
- Градинката во Вратница ја отворивме пред три месеци и можам да кажам дека Општина Јегуновце е една од...
Убиената велешанка неколку пати го пријавувала поранешниот партнер за насилство
Триесет и едногодишната Р.К. од Велес, која вчера беше убиена од нејзиниот поранешен партнер, неколку пати го пријавувала осмничениот И.С. за насилство, за што на 10 септември годинава бил и условно осуден, а имал и пријави за непочитување на забраната за приближување, изречена како дополнителна мерка за заштита од семејно насилство во граѓанска постапка. Случаите биле пријавени во ОЈО...
Почнуваме да се развиваме, на центрите на моќ тоа не им одговара, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека зголемените параметри во економијата ги загрижуваат и се причина за делувањата од изминатите денови на центри на моќ кои не сакаат Владата да успее, а Македонија да биде стабилна, мирна и просперитетна.
Во одговор на новинарско прашање при посетата на општина Јегуновце, Мицкоски посочи дека зголемениот промет на услуги, што го регистрираше Државниот завод...
Вработена на Онкологија сведочеше како се давале терапиите на клиниката во времето на Васев
Медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, додека директор бил Нино Васев, на денешното судење за случајот Онкологија 2, сведочеше дека некогаш се случувало на клиниката да нема некоја терапија, а одредени пациенти да ја добијат, како и дека имало пациенти на кои им биле менувани препишаните терапии.
На прашање од обвинителката...
Денеска ќе биде објавен телефонскиот број на кој ќе се пријавуваат злоупотреби на службените возила
Телефонскиот број и меил адресата на која граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреби на службените возила за приватни цели ќе биде објавен денеска од страна на владината прес-служба, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски.
Тој во изјава, дадена во општина Гази Баба, рече дека ќе се реагира до институциите чии возила биле злоупотребени...






































