Денеска ќе биде објавен телефонскиот број на кој ќе се пријавуваат злоупотреби на службените возила

Телефонскиот број и меил адресата на која граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреби на службените возила за приватни цели ќе биде објавен денеска од страна на владината прес-служба, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски. Тој во изјава, дадена во општина Гази Баба, рече дека ќе се реагира до институциите чии возила биле злоупотребени...

Мицкоски: Итно да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повика да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам. - Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е...

Лавров: Русија постепено го напушта терминот „непријателски држави“

Руската страна постепено го напушта терминот „непријателски држави“ и тргнува од фактот дека постојат непријателски влади, а не држави, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција. -Постепено го напуштаме терминот „непријателски држави“, иако тој останува во законодавството, но, како што неодамна нагласи претседателот (Владимир Путин) на еден од настаните во Владивосток, за нас нема непријателски држави, постојат држави...

Со проекција на „Уставот на Република Хрватска“ отворени Деновите на хрватскиот филм

Со проекција на филмот „Уставот на Република Хрватска“ („Ustav Republike Hrvatske“, 2016), во режија на Рајко Грлиќ, вчера се отвори настанот Денови на хрватскиот филм. Публиката ќе може да биде дел од овој настан во Кинотека на Македонија до 20 септември. Проекциите почнуваат од 20 часот. Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за...

Сонуван дом, реална добивка – „Доме, сладок доме!“

Секој нов дом почнува со еден сладок сон, а понекогаш и со само еден лоз. Државна лотарија со гордост го претставува инстант лозот „Доме, сладок доме“, кој нуди шанси за парични добивки и можност да се оствари еден од најголемите животни соништа – сопствен дом во Скопје. Со цена од само 100 денари, секој има шанса да го предизвика сопствениот момент на среќа. Играта...

Одредени политички партии и групации сакаат политички да профитираат од подметнатите пожари, вели Ѓорѓиевски

Ние имаме прво борба со нелуѓе коишто за да профитираат политички се во состојба да загрозат и човечки животи. Треба објективно да погледнеме. Тоа и претседателот на Владата го кажа вчера, кој од сето ова профитира, и на кого му одговара ваква состојба да го доведе народот во заблуда и ова да биде главна тема, рече градоначалникот на Кисела...

Карпи што датираат од пред 4,16 милијарди години

Познато е кои се најстарите карпи на Земјата По должината на источниот брег на заливот Хадсон во североисточната канадска покраина Квебек, во близината на инуитската населба Инуит, постои појас од вулкански карпи со темнозелени и светлозелени бои, со дамки од розова и црна боја, за кои новото тестирање покажа дека се најстарите познати карпи на Земјата. Нувуагитук содржи преживеани фрагменти од...

Трикови за чистење на куjната што треба да ги знаете

Кујната е најкористената просторија во куќата и дефинитивно бара повеќе внимание. Покрај тоа, таму се приготвува храна, па затоа навистина е потребно да се одржува чиста и уредна. Микробрановата печка се користи во повеќето домови секој ден, но чистењето често се занемарува. Сè што ви треба е да ставите малку вода, во комбинација со цитрус или оцет, да зоврие...

Повеќе од половина од ајкулите и раите се загрозени

Средоземно Море е едно од најопасните мориња за ајкулите и раите. Повеќе од половина од видовите ајкули и раи сè уште се загрозени од истребување, а популациите на добро познати видови како што се ајкулата и сината ајкула се намалени до 99 отсто. Ајкулите не се само предатори; тие се исклучително важни за одржување на здравјето и биодиверзитетот на...

Подземни гаражи – и за загревање вода и за заштеда на енергија

Подземните гаражи дејствуваат како грејачи на почвата, а според ново истражување од Германија и Швајцарија, генерираната енергија би можела да се користи за загревање на зградите. Научници од германскиот Универзитет во Хале и Технолошкиот институт „Карлсруе“, како и швајцарскиот Универзитет во Базел, ги анализираа температурите во 31 подземна гаража во различни градови во Германија, Австрија и во Швајцарија. Во...