Цените на нафтата денеска забележаа значителен пад на меѓународните пазари, при што цената на барелот нафта на берзата во Лондон се спушти под 80 долари. Причина за намалувањето се најавите дека се водат преговори за деблокада на Ормускиот Теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта, пренесе „Би-би-си“.
На лондонската берза барел сурова нафта се тргуваше по цена од 79,92 долари, што е за 3,85 долари помалку во однос на претходниот ден. Истовремено, на американскиот пазар цената изнесуваше 76,18 долари за барел, односно 4,16 долари пониско од вчерашното ниво.
Пазарите се стабилизираа откако американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од нов бран напади врз иранската енергетска инфраструктура, што ги намали стравувањата од дополнително нарушување на снабдувањето со нафта.
Сепак, дел од аналитичарите оценуваат дека денешниот пад на цените е претеран, бидејќи геополитичката неизвесност на Блискиот Исток и натаму е висока, а ризикот од нови тензии останува присутен.






























