Сите во ЕУ се согласни дека испорачуваме солидна динамика во реформите за владеењето на правото, истакна Муртезани

Сите членки на Европската Унија заклучија дека земјава испорачува солидна динамика на реформите во делот на владеењето на правото - изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани по денешниот состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), на кој една од точките беа и извештаите на Европската комисија за владеење на правото во дел од кандидатите...

СВР Велес попладнево изнесе нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес

Од СВР Велес попладнево соопштија нови детали за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Велес. Новите искази се дадени од сегашниот партнер на убиената Р.К. На местото, како што соопшти СВР Велес, бил затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на Р.К., кој изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко затоа што не се јавувал, а откако Р.К. ја...

Почина холивудската легенда Роберт Редфорд

Robert Redford
Холивудската легенда Роберт Редфорд почина на 89 години - објави „Си-ен-ен“. Актерот и режисер имаше богата кариера и беше најпознат по главните улоги во „Буч Касиди и Санденс Кид“ и „Сите луѓе на претседателот“. Редфорд доби Оскар за режија во 1981 за „Обични луѓе“, а во 2002 и почесен Оскар. - Роберт Редфорд почина на 16 септември во својот дом во...

Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

izraelski vozdusen napad
Израелски воени авиони извршија серија напади врз јеменското пристаниште Ал Худеида. Израелската армија соопшти дека нападот е одговор на ракетниот напад на Хутите. Претходно, портпаролот на ИДФ, Авихај Адрае на платформата „Икс“ објави предупредување за евакуација и најави дека пристаништето ќе биде цел на напади. Нападот врз Јемен е извршен додека трае операцијата на ИДФ за уништување на инфраструктурата во градот...

Во пораст бројот на новозапишани ученици во кичевската гимназија

После десетина години кога бројот на ученици во кичевската гимназија континуирано опаѓаше, во учебната 2025-2026 година бројот на новозапишани е зголемен и се очекува овој тренд да продолжи и во наредните години. Бројот на новозапишани ќе биде и поголем кога ќе се запишат и учениците кои досега не успеале да го решат овој проблем,потврди директорот на гимназијата, Бране Стојаноски. -...

Општините да ги идентификуваат сите диви депонии и да изготват планови за систематско отстранување

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) дадоа препорака до општините да спроведат детални контроли и да ги идентификуваат сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и да изготват планови за нивно систематско отстранување. Од МЖСПП соопштуваат дека нивните очекувања се општините да преземат мерки во насока на унапредување на состојбата со управувањето со отпад и заштитата...

Измамена кумановка за над 3,2 милиони денари за купување стан

Шеесет и едногодишна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за над 3,2 милиони денари за купување стан со гаража во кој требала да се всели пред пет години, но од извршител дознала дека доверител на станот е банка во стечај, соопшти денеска полицијата. - Вчера во 11:00 часот во СВР Куманово, 61 – годишна жена од Куманово пријави дека...

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

Во врска со случајот со починатиот пациент на Клиника за онкологија, Министерството за здравство информира дека пациентот е донесен во исклучително тешка состојба, со 4 стадиум метастази на коски, што било констатирано пред една година и дадена терапија. Од страна на медицинскиот тим веднаш била иницирана постапка за обезбедување крвен дериват, стои во соопштението на Министерството за здравство во...

Крешимир Мишак на Меѓународен Славјански универзитет во Свети Николе

Авторот на култната емисија „На Рубу Знаности“, легендарниот Крешимир Мишак доаѓа на Меѓународниот Славјански универзитет „Свети Николе“ во Свети Николе. На 19-ти септември, со почеток во 20 часот, во големиот амфитеатар на Универзитетот ќе се одржи предавањето насловено како „Светот во пресрет на трансхуманизмот“, по коешто присутните ќе можат да постават прашања, но и да си набават книги од Крешимир...

Увидот за причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре

Увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре, а увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, информираат од Обвинителство. По наредба на јавниот обвинител, како што посочуваат од Обвинителство, екипи на СВР Скопје и денеска излегле на лице место со цел преземање дејствија и прибирање...