Шаховски фестивал „50 години ШК Алкалоид“

Сведоштвата за големата почит спрема шаховската игра во Македонија отсекогаш биле добро фундирани со аргументи, меѓу кои се организацијата на Шаховската олимпијада во 1972 година, а потоа и формирањето на ШК Алкалоид во 1976 година. Клубот, кој на почетокот беше скромно ориентиран кон поттикнување и развивање на древната игра меѓу вработените кои учествуваа на натпреварувања против други компании, со текот...

Старите тврдини, патишта и друмови што минувале низ Овче Поле

Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (11) Овче Поле, како една од најкарактеристичните пределни целини во Македонија, низ историјата претставувало многу повеќе од обичен земјоделски регион. Тоа е простор каде што географската положба директно ја детерминирала стратегиската важност, создавајќи густа мрежа на населби, тврдини и сообраќајни правци што ги поврзувале клучните балкански центри. Во овој преглед...

Дојчебанк анализира дека петродоларот ја фатил удолницата

Крај на една енергетска ера и елементи за почеток на нова Геополитичките тензии, новите финансиски системи и енергетската транзиција го разнишуваат глобалниот доларски поредок. Според анализите на врвните банкари во Дојчебанк, системот на т.н. петродолар се соочува со најголемиот предизвик во последните децении. Како Македонија го антиципира овој предизвик и како го планира својот енергетски имунитет со сопствената стратегија...

Синот кој си го уби таткото во Гостивар сакал да ги прикрие трагите од убиството

Јавното обвинителство соопшти дека синот кој го уби таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. - Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди...

Бесмртното дело на д-р Анастас Коцарев

Комеморација во Париз по повод 95 години од смртта на охридскиот гениј и светски признаен научник Со оваа комеморација и изложба, д-р Анастас Коцарев не само што повторно се врати во колективната меморија туку се издигна како жив симбол на македонската научна мисла, како сведоштво за силата на знаењето и упорноста што ја надминуваат секоја граница. Неговото име, некогаш...

Пад на цената на нафтата под 100 долари по сигналите за деескалација на Блискиот Исток

Цената на нафтата падна под 100 долари за барел, додека европските берзи забележаа силен раст, по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека воените операции на САД во Иран би можеле да завршат во рок од две до три недели. Пазарите позитивно реагираа на најавите за можен крај на конфликтот на Блискиот Исток, како и на информацијата дека одговорноста за...

За магичниот реализам во „Џипси меџик“ на Столе Попов (2)

(филмофилски импресии) Се чини дека кусиот филм на младиот Столе Попов „Оган“ (1974) е силно навестување на поетиката на магичниот реализам што тој ја вклопува во подоцнежните остварувања „Дае“ и „Џипси меџик“. Иако со определена, сведена тематика, во „Оган“ суровиот реализам добива магиска аура. Борбата, сета во визуелна нарација, без дијалог (се слушаат само звуците во фабриката и татнежот на...

Илјадници слободни работни места, малку соодветно квалификувани кандидати!?

ПОБАРУВАЧКАТА ЗА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ РАБОТНИ АНГАЖМАНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ВО ПОРАСТ Македонскиот пазар на трудот се соочува со јасно изразен парадокс: илјадници слободни работни места, но недостиг од квалификувана работна сила. Најновите податоци од Агенцијата за вработување и Државниот завод за статистика откриваат јаз меѓу понудата и побарувачката, кој покажува тренд на сѐ повеќе отворање работни места, а граѓаните...

Мирољубиво второ коло

ШАХ - ТУРНИРИ НА КАНДИДАТИТЕ Второто коло на Турнирите на кандидатите за светски шаховски првак во Пафос (Кипар) и во машка и во женска конкуренција заврши мирољубиво. На машкиот турнир можеби Убекистанецот Јавокир Синдаров имаше малку подобра позиција против Германецот Матијас Блубаум, а можеби и Индиецот Рамешбабу Прагнананда можеше малку подобро да се снајде против Кинезот Веи Ји. Холанѓанецот Аниш...

Изложбата на колекцијата на метални пари во Белград

Изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (14-17 век) – Патувањето на парите“, подготвена од Даниела Николова, свечено е отворена во Македонскиот културно-информативен центар во Белград, со пригодни обраќања на директорот на КИЦ-Белград, Васко Шутаров, директорот на Турскиот институт во Белград, Јунуз Емре, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл, како и на авторката на изложбата Даниела...