Шаховски фестивал „50 години ШК Алкалоид“

По повод петдеценискиот јубилеј, годинава се предвидени повеќе активности, кои започнуваат со првиот настан во почетокот на април на Шаховскиот фестивал, информираат од ШК Алкалоид. На 4 и 5 април во хотелот „Континентал“ ќе бидат организирани два турнира, во брз шах и во забрзан шах Сведоштвата за големата почит спрема шаховската игра во Македонија отсекогаш биле добро фундирани со...

Трка со времето за спас на годинашниот самит Брдо-Бриони

Регионалната соработка во заложништво на хрватско-српската вербална војна Претседателот на Хрватска, Милановиќ, го откажа состанокот (форумот) во понеделникот, појаснувајќи во писмена порака дека последните изјави на претседателот на Србија, Вучиќ, се „во целосна спротивност со целите на процесот Брдо-Бриони“! Милановиќ истакна дека тие ги влошуваат меѓудржавните односи и ги загрозуваат мирот и стабилноста во Југоисточна Европа, поради што доаѓањето...

Спортски вести

КОШАРКА - ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2029 Романија и Естонија ривали на Македонките Десетте женски кошаркарски репрезентации што не ја поминаа првата фаза од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2027 година се поделени во три натпреварувачки групи, две од нив со по три селекции учеснички и една со четири, во претквалификациите за ЕП 2029. Така сакаше ждрепката на посебна церемонија, која...

Свечено одбележани петнаесет години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“ во Тирана

Свечено одбележани петнаесет години од излегувањето на првиот број на македонски весник „Илинден“ во Тирана. Имено, пред точно петнаесет години, на први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник „Илинден“ како гласило на Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Во Тирана свечено беше одбележан петнаесетгодишниот јубилеј од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“, на кој...

Програмскиот совет на МРТ заседава за утврдување на одговорноста, а надлежните институции најавуваат можни законски последици

Текот на настаните поврзани со емитувањето детска фестивалска програма на МРТВ 2 со иредентистички пораки и злоупотреба на малолетници Скандалот со емитувањето детска песна на албански јазик на МРТ2 во која се промовира идејата за „голема Албанија“ денеска ќе биде централна тема на седница на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија. Станува збор за настан што предизвика силни реакции во јавноста...

„Има-нема“ – формула за сите цивилизации

Капитализам (2) Основна дивиденда и во капитализмот е земја - земјоделство, кои ги забораваме! А имотот е асиметрија - нееднаквост, класи. Покрај лугалот во Месопотамија, во Египет е фараонот. Тој има сѐ и им дава на другите - „кралски трибун“ (Royal Tribunes). Која стока е најважна? Прво робовите, па бакарот и златото. Потоа доаѓаат овесот, говедата, пивото, каменот итн....

Второ реми на Македонија со Р Ирска

ФУДБАЛ - ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА ВО ДАБЛИН Следните официјални натпревари на црвено-жолтите се предвидени за септември, во новата сезона на Лигата на нациите, која е дел од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2028 година Македонската фудбалска репрезентација ремизира без голови на гости со Република Ирска во пријателски натпревар на гости, во Даблин, пред 39.560 гледачи. Тоа беше седми...

Поглед во калеидоскопот наречен Иран

Војната во Иран ја гледам како многу повеќе од „уште една блискоисточна епизода“. Зошто? Затоа што во тој воен конфликт може да се препознае сериозен земјотрес во самиот центар на меѓународниот поредок. Тоа е еден колосален удар, што би рекле Хрватите „у сриду“, со т.н. „триење на геостратегиски тектонски плочи“, што е клучно и за големите и за малите...

По маратонскиот квалификациски циклус се познати сите учесници на најголемото СП досега

ФУДБАЛ Ќе играат 48 репрезентации (четири дебитанти), првпат во три земји домаќини, предвидени се 104 меча, во 16 града, турнирот ќе трае и рекордни 39 дена, а новиот формат вклучува 12 групи, пишува „Би-би-си“. Првиот меч на СП 2026 е Мексико - Јужна Африка, на 11 јуни (од 21 часот) Учесниците на Светското првенство (СП) во фудбал годинава се комплетираа...

Вентилаторот на НАТО го оддува своето јато

Како две паралелни војни отворија длабоки пукнатини во Северноатлантската алијанса   Додека Украина и Иран го влечат западниот блок во различни насоки, трансатлантското единство сè повеќе наликува на привид отколку на вистинска стратешка кохезија Под притисок на две војни, НАТО и пошироката трансатлантска рамка влегуваат во фаза во која напнатостите повеќе не можат да се прикријат со протокол. Судирот меѓу Каја Калас...