Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, вели Мицкоски
Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај нашиот источен сосед, односно...
Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина
Моето мислење за академик Кедев и неговите констатации е врвна индикација за да се преземе веднаш нешто, да се открие што и дали е правено и да се проверат целосно сите индиции што беа изнесени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Мицкоски порача дека нема да се остави ништо...
Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври.
Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет.
- Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен...
Среќата ја одбра Битола — нов автомобил „форд куга“ од инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија
Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов автомобил „форд куга“ (FORD KUGA) од инстант лозот „Титаниум“.
- Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене - ни сподели К.Т. со насмевка. Нејзината добивка не е...
Во дел од пријавите на Росица Коцева не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите
По насока на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева. Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и...
Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, потребен е кадар
Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот што сега работи на ресоцијализација во затворите е обучен и подготвен, но за жал е многу е мал, но и дека треба да се работи на заживување на затворските економии.
Според Пандов, гледано низ призма на бројот на повратници во...
Лажетиќ: Oној што не сака да се придржува на основни правила во сообраќајот и не треба да биде воопшто учесник
Нашата сообраќајна некултура, којшто е резултат на општата некултура што владее во државата, едноставно ќе мора да се регулира вели професорката по казнено право Гордана Лажетиќ, посочувајќи дека е добро што се менуваат повеќе закони од аспект на системот „Безбеден град“ и што имаме проширена одредба кај кривичното дело безобѕирното управување со моторно возило, затоа што некогаш сето тоа...
Со македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ завршува ИФФК „Браќа Манаки“
Со проекција на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски, филм во кој кинематографер е Наум Доксевски, вечер во Битола завршува 46-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
Според програмата, пред проекцијата на филмот, доделени ќе бидат Специјална Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност која годинава му припадна на американскиот оскаровец Воли Фистер, и традиционалната...
ДИК го заклучи Избирачкиот список
Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко на 138. седница на ДИК.
Кондарко соопшти дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се...
Кошта: Се соочуваме со избор на поредок базиран на правила или хаотичен свет
Светот се соочува со клучен избор меѓу меѓународен поредок базиран на правила, кој ги поддржува мултилатерализмот и Повелбата на Обединетите нации или хаотичен свет базиран на унилатерализам, насилство и непочитувања, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта доцна синоќа во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.
- Алтернативата на меѓународниот меѓународен поредок базиран на правила е хаотичен и...







































