Почина маратонката Шеварге Ален

АТЛЕТИКА Победничката на Стокхолмскиот маратон во 2025 година, Етиопјанката Шеварге Ален, почина на 30 години, потврди организаторот на Стокхолмскиот маратон. Ален победи на овој маратон во шведската престолнина, годинава во мај. Таа се натпреваруваше како професионална маратонка на 27 маратони, помеѓу 2011 и 2025 година, победувајќи на 12, пренесе „Би-би-си“. - Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Шеварге...

Ѓоковиќ и Алкараз директно во полуфиналето

ТЕНИС – ТУРНИР „ШЕСТ КРАЛА“ ВО РИЈАД Во Ријад, Саудиска Арабија, од 15 до 18 октомври, втора година во низа ќе биде одигран егзибицискиот турнир наречен „Шест крала“, каде што ќе настапат најдобрите шест тенисери во светот, а победникот ќе биде побогат за шест милиони евра! Веќе се познати и учесниците на турнирот, а најдобриот на светот, Шпанецот Карлос Алкараз,...

Четврти меморијален турнир „Венци Попов“

ШАХ - УТРЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА Победникот ќе биде познат по девет одиграни кола, со темпо на игра од 10 минути по играч, плус додаток од пет секунди за секој одигран потег Фамилијата Попови во соработка со ШК 7 Ноември, утре во салата на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, го организира четвртиот меморијален еднодневен турнир во забрзан шах „Венци Попов 2025“....

Почнува младинското СП, сцената за ѕвездите на утрешнината

ФУДБАЛ Чиле е домаќин на СП за фудбалери до 20 години, кое се игра од 1977 година и на кое настапиле многу подоцнежни сениорски репрезентативци, а вкупно 16 ги освоија и младинската и сениорската светска титула, и тоа Марадона, Бебето, Дунга, Жоржињо, Милер, Тафарел, Дида, Касиљас, Марчена, Чави, Меси, Ди Марија, Ареола, Погба, Товен и Умтити, Савиола и Холанд...

„Танец“ со воодушевувачки почеток на балканската турнеја

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ одржа импресивен концерт во Валпово, Хрватска, со кој официјално ја започна својата балканска турнеја. Настапот, кој се одржа пред целосно исполнета сала, наиде на огромен ентузијазам и долготраен аплауз, поставувајќи висок стандард за сите претстојни концерти. Публиката имаше можност да ужива во богатата програма, која ги прикажа кореографиите и музиката од различни...

Фестивалот „Ре-култура“ со богата програма викендов во „Буква“ и „Илика“

Во кафе-книжарниците „Буква“ и „Илика“ се одржува второто издание на фестивалот за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“ во организација на здружението за афирмација на младинската култура „Култура бета“. Фестивалот нуди богата и разновидна програмата составена од книжевни промоции, музички настани, изложби, дискусии, работилници и донаторски базар. Централни настани се промоциите на две книжевни изданија на „Култура бета“. Станува збор...

Зошто на некои жени им растат влакна на лицето

Некои здравствени состојби можат да предизвикаат појава на влакна. Најчести можни причини за оваа иритирачка појава се хормонскиот дисбаланс, полицистични јајчници, менопауза, синдромот Кушинг, хиперплазија на надбубрежните жлезди и наследни фактори. Жените обично се обидуваат сами да се ослободат од влакната на лицето со бричење, депилација, електролиза, ласери или кремови, но всушност најпрво треба да се консултираат со дерматолог,...

Креативното изразување и изработката со раце ни даваат шанса да се ослободиме од технологиите

Фестивал на креативни вештини 2025 година Како резултат на модерното живеење се среќаваме со намалена концентрација, изразена зависност од дигиталните технологии и сѐ потешко наоѓаме начин да се ослободиме од електронските уреди и да се релаксираме. Затоа Фестивалот на креативни вештини цели преку креативни работилници да понуди содржини што ќе го пренасочат вниманието на рачните изработки и медитативноста на создавањето....

Кинезите сега можат во живо да го видат славното „Девојче со балон“

Голема авторизирана изложба на Бенкси во „Си ворлд калчр енд артс центер“ во Шенжен Центарот за култура и уметност во Шенжен, „Си ворлд калчр енд артс центер“, во своите огромни изложбени сали е домаќин на светски уметнички изложби. Се простира на површина од 73.918 квадратни метри, а е изграден во 2017 година. Обликот на зданието претставува композиција од подиум и...

Можат ли Обединетите нации да се спасат од безначајност?

Додека организацијата полни 80 години, војните беснеат во Украина, Газа и во Судан, а нејзините основни идеи се распаѓаат и светот повеќе не ја слуша Откако Обединетите нации беа основани во октомври 1945 година, среде наплив на идеализам по Втората светска војна, поостроумните лидери на организацијата сфатија дека нивната главна моќ произлегува од проповедањето, тоа што тие можат јавно...