И по „Егзит“, повторно „Егзит“
„Егзит 2025“
Веќе неколку години присуствувам на „Егзит“, и тоа како акредитиран новинар и фотограф. И како таков, донекаде сум запознаен со тековните случувања околу него. На почетокот на јуни 2025 година сѐ уште не се знаеше дали ќе се одржи, поради тековните политички случувања, но и поради финансиите што спонзорите, и тоа оние главните, големите ги откажаа. Најавите и...
Објавен графичкиот роман „ЛОУ – Берлинските години на Дејвид Боуви“
Издавачот „Бункер“, во рамките на едицијата „Апсолутни почетници“, издаде нов графички роман - „ЛОУ - Берлинските години на Дејвид Боуви“ од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст.
Ова дело всушност се надоврзува на првиот дел „Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“, кое „Бункер“ веќе го објави, и со него Клајст на импресивен начин ја заокружува дводелната биографија...
Портретот на велешкиот гемиџија Методи Алексиев
Знаменитостите на Македонија
Фотографијата е дел од албумот на султанот Абдул Хамит Втори во кој се прикажани осудените учесници во Солунските атентати во 1903 година
Портрет на велешкиот гемиџија Методи Алексиев, припадник на македонското револуционерно движење, сликан за време на судскиот процес против него. Под неговата фотографија залепена на картон стои обвинението против него во кое се товари дека во...
Креативен спој меѓу модерното и класичното
Почнува фестивалот за европска литература „Букстар“
„Букстар“во фокусот на својот интерес годинава ги става токму домашната литература и предизвиците со кои се соочува таа
Фестивалот за европска литература „Букстар“ почетокот на своето единаесетто издание ќе го означи денеска во Културно-информативниот центар во Скопје, во 19.30 часот, а ќе трае до 2 октомври. Главните настани ќе се одвиваат во Културно-информативниот центар...
Поттик на земјоделството преку илјадници задруги
Концептот на колективна организација како отскочна штица за земјоделството
Во Србија има пет илјади активни задруги, од кои три илјади се земјоделски, изјави претседателот на Кооперативниот сојуз на Србија, Никола Михаиловиќ, додавајќи дека половина од вкупниот број земјоделски задруги се наоѓа во Централна Србија, а другата половина во Војводина.
- Традицијата од 130 години Кооперативен сојуз на Србија, повеќе од 130...
Безбедносните ризици во БиХ ги вшмукуваат НАТО и Русија
Предупредување на Алијансата по барањата
за прекин на мисијата ЕУФОР
НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, изјави заменик-генералната секретарка на Северноатлантската алијанса, Радмила Шекеринска, откако лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, објави дека ќе побара од Русија да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шекеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет...
Кој е чесен сосед, а кој воен профитер?
Секнувањето на руската нафта ги скара Будимпешта и Загреб
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред Генералното собрание на Обединетите нации упати обвинувања за воено профитерство кон хрватската влада, по што набрзо доби остар одговор од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Спорот е поттикнат како резултат на зголемената зависност на Унгарија од снабдувањето од Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ)
Зголемената зависност на...
Бекер жали што го освои Вимблдон на 17 години
ТЕНИС
Што и да правите, каде и да одите, со кого и да разговарате, тоа станува светска сензација. Станува наслов во некои од најважните весници. И само се обидувате да созреете, да се снајдете во светот. Кога почнувате втора кариера, сѐ се мери со успехот на освојување на Вимблдон на 17 години. И тоа го промени многу патот напред....
Историјата на пријателството на Кина и Македонија со ново поглавје
Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка над три децении ги продлабочува односите на двете земји
Откако Кина и Македонија воспоставија дипломатски односи пред нешто повеќе од три децении, двете земји изградија блиски односи во сферата на културата и односите меѓу македонскиот и кинескиот народ. Тоа беше реализирано преку многу активности во областа на културата, уметноста, локалната самоуправа, образованието, цивилниот...
Ковентри: Спортот е решение со големо влијание за одржување на здравјето на луѓето
ИОК
Олимписките игри го покажуваат најдоброто од човештвото... Сакам да се осигурам дека Игрите ќе останат релевантни и простор на инспирација, особено во многу поделениот свет, вели претседателката на ИОК, Ковентри
„Спортот е едно од најефикасните решенија со ниски трошоци и големо влијание за спречување болести и за поддршка на менталното здравје“, изјави претседателката на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти...







































