Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз, паднал од 22 кат

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција, Нати Мтетва, е пронајден мртов пред хотел во Париз, објави денеска канцеларијата на француското обвинителство, додека извори блиски до случајот споменуваат дека веројатно станува збор за самоубиство, пренесува МИА. Според еден од тие извори, 58-годишниот амбасадор бил депресивен и можеби си го одзел животот. Амбасадорот, чие целосно име е Нкосинати Емануел Нати Мтетва, резервирал соба на 22-ри...

Европа останува на своите цели за постигнување климатска неутралност до 2050 година, рече Фон дер Лајен

Европа останува на своите цели за постигнување климатска неутралност до 2050 година, инвестирање во чисти технологии и обезбедување праведна зелена транзиција, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео обраќањето на собирот „Климатска акција во ваш интерес“ што се одржува денеска во Брисел во организација на Генералниот директорат за климатски акции на ЕК (ДГ КЛИМА). - Ова...

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека палестинската милитантна група Хамас има околу три или четири дена да одговори на неговата понуда за мировен договор во Појасот Газа. Напуштајќи ја Белата куќа, Трамп им рече на новинарите дека израелските и арапските лидери го прифатиле планот и „ние само чекаме на Хамас“. - Хамас или ќе го стори тоа или нема, а...

Подгответе се за војна им рече Хегсет на американските генерали и адмирали

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет одржа говор во Пентагон пред повеќе од 800 врвни воени команданти на Америка - генерали и адмирали. Уште од самиот почеток, тој јасно стави до знаење дека планира радикална промена на насоката. - Ерата на Министерството за одбрана е завршена. Добредојдовте во Министерството за војна - рече Хегсет. - Мисијата на Пентагон е да води...

Кремљ се надева дека планот на Трамп за Газа ќе биде имплементиран

Кремљ денеска соопшти дека се надева дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Појасот Газа ќе биде имплементиран и дека ќе даде поттик за воспоставување мир на Блискиот Исток - oбјавија британските медиуми. Доналд Трамп успеа да ја добие поддршката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за мировниот предлог во Газа, но сè уште не е јасно дали...

Во Полска уапсен украински државјанин осомничен за експлозиите на гасоводот „Северен тек“

Украинскиот државјанин Володимир З., кој беше баран од Германија за неговата наводна вмешаност во експлозиите на „Северен тек“, е приведен во Полска - објави денеска радиото „РМФ ФМ“ (RMF FM). Според извештаите, осомничениот бил на списокот на барани лица по европска потерница издадена од германски суд. Германските власти минатиот месец издадоа потерници за пет украински државјани осомничени за вмешаност во инцидентот. Експлозиите...

Да ја градиме иднината дома, да ги поддржиме младите и охрабриме оние кои заминале да се вратат, рече Лимани

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа настан по повод промовирање на петгодишната програма 2026–2030 на УНФПА за државата насловен - Демографски трендови - заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) - се наведува во соопштението од Министерство за социјална политика, демографија и...

Индустриското прозиводство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто

Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2.2 % во однос на периодот јануари – август 2024 година - објави Државниот завод за статистика. Во август годинава, пак, споредено со истиот месец лани, е намалено за 3.5 %. Во секторот Рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година,...

Пред бројни гости свечено се отвори „Букстар“, врачена наградата на Блаже Миневски

Наградата за најактуелна книга меѓу двете изданија на фестивалот „Букстар“ синоќа му беше врачена на Блаже Миневски за збирката раскази „Опаш во устата“ („Антолог“, 2025), за време на свеченото отворање на единаесетотто издание на фестивалот на европска литература во преполната сала на Културно-информативниот центар во Скопје. - Секоја награда е признание за добитникот, а сите добитници се биографија на наградата....

Данска прогласи вонредна мобилизација

Владата на Данска иницира во вонредна мобилизација на резервниот состав поради растечката безбедносна опасност. Одлуката е донесена по нарушувањето на данскиот воздушен простор од неидентификувани беспилотни летала. Данскиот воздушен простор две вечери (петокот и саботата ноќта) по ред беше нарушен од неидентификувани дронови. Претходно, на 22 септември неидентификувани беспилотни летала беа забележани над цивилни аеродроми во Копенхаген и Осло.