По седум години, блокирана работата на Владата на САД

Владата на САД првпат по седум години е блокирана откако демократите и републиканците не се договорија за здравствената заштита. „За“ предлогот на демократите за финансирање на Владата гласаа 47 сенатори, а 53 беа „против“. Додека „за“ републиканскиот предлог доби 55 гласови, пет помалку од потребните 60 за да се избегне блокада на Владата. Најдолгата блокада од пет недели во историјата на...

Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома, порача Силјановска Давкова

Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома. Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова, коментирајќи ја предлог-резолуција што ја претстави лидерот на СДСМ Венко Филипче за европските интеграции со „црвени линии“. -Веќе нема црвени линии, линиите се веќе прегазени или избришани со гума. Она што требаше ние да го...

Зеленски: Потребно е на Русија да ѝ се воведат поболни санкции

По рускиот напад врз украинскиот град Дњепар, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека официјална Москва со секој таков удар докажува дека е потребно да се изврши силен притисок врз Русија и да се воведат „поболни санкции за агресорот“. - Спасувачите, општинските служби и агенциите за вонредни ситуации работат во Дњепар по нападот на руски дрон врз тој град. Тоа...

Можеби мислите дека сте во војна со Русија, но Унгарија не е, му порача Орбан на Туск

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска му порача на премиерот на Полска Доналд Туск дека со судир со Русија игра опасна игра со животите на милиони Европејци. - Драг Доналд Туск, можеби мислите дека сте во војна со Русија, но Унгарија не е. Истото важи и за Европската унија. Играте опасна игра со животите и безбедноста на милиони Европејци. Ова...

УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани

Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и донесе решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. -Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните...

Почна судењето против поранешната претседателката на ДКСК Димитровска

Во основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето против поранешната претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Според обвинението, на Димитровска и се става на товар оддавање службена тајна на екс директорот на ТЕЦ Неготино и обвинет во случајот „Адитив“, Небојша Стојановиќ, како и за тоа дека се здобила...

Мицкоски: Филипче подготвува ново предавство и подарок за нашиот источен сосед

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл. Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство...

Истрага против тројца турски државјани за изнуда во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца турски државјани за кои постојат сомненија дека сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана по живот, присилиле еден оштетен, исто така државјанин на Република Турција, да им исплати 40.000 евра,...

Гутереш го поздрави предлогот на Трамп за мир во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави предлогот на Трамп за мир во Газа, соопшти неговиот портпарол. Портпаролот во изјава го цитира Гутереш кој вели дека „сега е клучно сите страни да се обврзат на договорот и негова имплементација“. Шефот на ОН повторно повика на „итен и траен прекин на огнот, неограничен хуманитарен пристап низ цела Газа и веднаш...

Коцевски за истрагата за Кочани: Oбвинителство води предистрага за вработени во УЈП и во други институции

Oбвинителство води предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), но и во други институции за десетина кривични дела во врска со пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека со завршување на обвинението не значи дека завршила и постапката...