Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј
Маж рани 20 лица во пукање на прометна улица во Сиднеј, соопшти полицијата во најнаселениот град во Австралија.
Напаѓачот вчера наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили. Тој испукал помеѓу 50 и 100 истрели, предизвикувајќи паника во областа.
Еден маж е во сериозна состојба. Неколку други се однесени во болница. Повеќето од другите жртви се повредени од...
Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа
Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и исламистичката група Хамас денеска треба да се сретнат во Египет за да разговараат за мировниот план што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп.
Како што пренесе ДПА, двете страни ќе се обидат да постигнат договор заснован на планот од 20 точки што Трамп го објави...
Кампањата за локалните избори влегува во втората недела
Втората недела од кампањата за локалните избори 2025 започнува денеска. Претставувањата на кандидатите за градоначалници и советници продолжува, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Долнени, Македонски Брод и во Кичево.
Караванот на СДСМ е во Илинден, Петровец, Карпош и Центар.
Левица ќе одржи средби...
Сијарто: Во Брисел и кај европските лидери преовладува воена психоза
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска изјави дека меѓу европските лидери преовладува остра воена психоза и дека тие сакаат да ги трошат парите на европските граѓани за опремување и вооружување на украинската армија и водење на украинската држава.
Сијарто, како што пренсува унгарската новинска агенција МТИ, истакна дека долгорочните подготовки за војна станале прифатена политика во Брисел и меѓу...
ФОТО: Дарио Ивановски и Ирине Џеруто победија на годинешниот Виз ер маратон
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во машка и Ирине Џеруто од Кенија во женска конкуренција победија на годинешното, 21. по ред, издание на Виз Ер скопски маратон.
Ивановски ја мина делницата во должина од 42 километри со време од 2:14:50 часа, триумфирајќи со извонреден финиш во кој во завршните два километри го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време...
Околу 900.000 Палестинци евакуирани од градот Газа, соопшти израелската армија
Според проценките на израелската армија, околу 900.000 од вкупно околу еден милион Палестинци, кои живееле во градот Газа и северниот дел од енклавата пред големата офанзива на Израелските одбранбени сили (ИДФ), сега се евакуирани на југот од Појасот Газа.
Според израелските податоци, бројот на Палестинци што го напуштаат северниот дел од Појасот Газа се зголемил во последните недели по напредувањето...
Радев до Силјановска: Благодарност за солидарноста и понудената помош за справување со последиците од невремето
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска и се заблагодарил на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова за поддрѓката и понудената помош од Македонија за справување со последиците од невремето кое ја зафати Бугарија и во кое имаше четири жртви.
- Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за...
Дваесетина поети настапуваат на Деновите на македонската поезија во Шведска
Традиционалната културна манифестација „Ден на македонската поезија во Шведска“ ќе се одржи денеска во Градската библиотека во Гетеборг. Манифестацијата се одвива под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска, а годинава го одбележува својот 35-годишен јубилеј.
Во рамки на програмата на годинашното издание ќе настапат дваесетина поети, а како гостин од Македонија ќе учествува познатиот македонски поет и писател Стефан Марковски,...
Трамп: Примирјето во Газа ќе започне откако Хамас ќе ја потврди линијата на повлекување на израелската војска
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот во конфликтот во Газа би можел да стапи на сила веднаш доколку исламистичката група Хамас се согласи на одредена линија на повлекување за израелската војска во крајбрежната територија, јави ДПА.
Израел веќе ја одобри почетната линија, напиша Трамп вчера на својата платформа Truth Social.
-Кога Хамас ќе потврди, прекинот на огнот ќе...
Родителите на починатите во пожарот во Кочани се сомневаат во обвинителниот акт
Родителите на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од 16 март, денеска на 25. протестен „Марш за ангелите“ од пред Судот во Кочани, од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побараа целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвинението и кон другите вмешани лица, итно преиспитување на решението за домашен притвор, како...







































