Автобус со деца се преврте во Русија, неколку се повредени

Најмалку едно лице загина денеска кога автобус полн со деца се преврте во регионот Саратов во Русија. Според Државниот инспекторат за безбедност во сообраќајот, возачот на автобусот го загубил животот откако му се слошило додека возел, по што автобусот се превртел. Според Министерството за здравство, девет лица, меѓу кои осум деца, се хоспитализирани од местото на несреќата. Повредените се однесени во болницата...

Книгите му се одолжуваат на Скопје со зеленило

Акција на садење дрва ќе се одржи в понеделник, 6 април, со почеток од 11 часот во мегапаркот во Карпош, Скопје, во соработка со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, при што издавачката куќа „Сакам книги“ донира садници за пошумување и директно придонесува за збогатување на урбаното зеленило, токму таму каде што нејзината дејност најмногу влијае. - Ова е...

За дистрибуција на детска порнографија осомничен 31-годишник од Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција. Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во образовна установа, од...

Три нови услуги на порталот uslugi.gov.mk со кои се заокрижува пакетот услуги за високото образование

Образец за дипломирани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи, Образец за лица кои се стекнале со назив магистер/специјалист и Образец за лица доктори на науки кои одбраниле докторски труд се трите нови електронски услуги достапни на Националниот портал е-услуги – uslugi.gov.mk. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на промоцијата заедно со директорот на Државниот завод за...

Дожд уште утре

В сабота претежно во источните делови ќе има повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 километри на час), прогнозира Управата за хиреометеоролошки работи. Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд.

Операта „Севилскиот бербер“ на сцената на Националната опера и балет

Вечерва, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – едно од најпознатите и најомилените дела од оперскиот репертоар, кое со својата духовитост, динамика и препознатливи музички моменти со децении ја воодушевува публиката. Изведбата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија),...

Драмски со две хит-претстави учествува на фестивал во Велес

Со хит-претставите „Куршуми над Бродвеј“ и „Болва в уво“, Драмскиот театар учествува на петтиот Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес. Театарскиот фестивал се одржува до 8 април во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, под покровителство на Општина Велес и Министерството за култура и туризам. Претставата „Куршуми над Бродвеј“ е работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт. Режијата и...

Значаен проект за доближување на домашната кинематографија до публиката

Бесплатни македонски филмови во „Синеплекс“ Агенцијата за филм промовираше значаен проект за доближување на домашната кинематографија до публиката, под мотото „Македонски филм. На големо платно“. Проектот се реализира во соработка со „Синеплекс“ и предвидува бесплатни кинопроекции на македонски филмови секој понеделник, со што македонскиот филм повторно се враќа таму каде што припаѓа - на големото платно. Секој понеделник, во 18 часот,...

Зголемувањето на температурите може да доведе до физичка неактивност на луѓето

Како што планетата се затоплува, на луѓето ќе им станува сè потешко да останат физички активни, а последиците би можеле да бидат сериозни за здравјето. Ново истражување предупредува дека зголемувањето на температурите би можело да доведе до значително зголемување на физичката неактивност и дури 500.000 дополнителни предвремени смртни случаи годишно до 2050 година. Научниците анализирале податоци од 156 земји...

Зачини што помагаат во забрзувањето на метаболизмот

Медицински совет По 50-та година, метаболизмот се забавува, но одредени зачини како цимет, ѓумбир и куркума можат да помогнат во забрзувањето на метаболизмот и во намалувањето на апетитот. Метаболизмот се забавува по 50-та година. Некои зачини можат да помогнат во варењето и согорувањето на мастите. Малите промени во исхраната можат да дадат големи резултати. По 50-та година, телото поминува низ...