Вештакот од Србија за „Онкологија“: Стандардите во онкологијата бараат редовно следење на пациентите

Во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи вкрстеното испрашувањето на српскиот медицински вештак Давор Радосављевиќ, кој го изработи медицинското вештачење за Обвинителството во случајот „Онкологија“. На обвинителна клупа се поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и уште двајца онколози, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија - Скопје, обвинети за несовесно лекување...

Притвор за битолчанецот осомничен за детска порнографија

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор на осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца - соопштуваат од Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска...

Хоџа: Оваа година е клучна за изградбата на регионалните депонии

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот. - Работиме на подготовка на документација, која очекуваме многу бргу да биде готова и да биде објавен повикот...

Потпишан меморандум меѓу ИНОВА и државните универзитети

Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката заедница и институциите во насока на развој на иновациите, технологијата и претприемаштвото е целта на меморандумот што денеска во Владата го потпишаа ректорите на државните универзитети со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво (ИНОВА). На потпишувањето на меморандумот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и директорката на ИНОВА, Даниела...

Министерството за финансии: Стабилна реализација на буџетот во првиот квартал

Министерството за финансии денеска соопши дека реализацијата на буџетот е стабилна во првите три месеци од годината и се бележи раст на приходната страна. - Вкупните приходи во буџетот достигнаа 81,2 милијарда денари, што претставува раст од 5,7 проценти во однос на истиот период во 2025 година. Вкупните приходи од даноци се зголемни за 4,7 проценти, при што највисок пораст...

МЗШВ: Исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека се исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството. - Реализирана е исплата од 1.021.527.000 денари кон 2.139 одгледувачи за мерката 2.6 - директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година - се наведува во соопштението. Од Министерството велат дека...

Консолидацијата на земјиштето не е само реформа, процесот бара заеднички ангажман,вели Трипуновски

Консолидацијата на земјиштето не е само реформа – таа е можност. Можност за окрупнување на земјоделското производство, за поефикасно користење на ресурсите и за развој на поконкурентни и одржливи бизниси. Процесот бара заеднички ангажман на сите чинители, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тој на денешниот настан во Стопанската комора посветен на зголемување на обемот на консолидација...

Андоновски: Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен во Црна Гора

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора, и обратно, секој електронски потпис издаден од било кој издавач во Црна Гора ќе биде еднакво валиден во Македонија, најави денеска Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Андоновски, на денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на...

До 2026 година ќе бидеме подготвени за електронски попис на населението, вели Андоновски

Нашата политичка заложба е во 2026 година да бидеме подготвени и по налог на Државниот завод за статистика, тогаш кога ќе треба, кога ќе се донесе законот да спроведеме електронски попис, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, пак, вели дека следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се...

Автобус со деца се преврте во Русија, неколку се повредени

Најмалку едно лице загина денеска кога автобус полн со деца се преврте во регионот Саратов во Русија. Според Државниот инспекторат за безбедност во сообраќајот, возачот на автобусот го загубил животот откако му се слошило додека возел, по што автобусот се превртел. Според Министерството за здравство, девет лица, меѓу кои осум деца, се хоспитализирани од местото на несреќата. Повредените се однесени во болницата...