Рафа се отвора за пешаци, преминот најверојатно ќе биде функционален од вторник

Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа се очекува да биде повторно отворен за цивили следната недела, јави ДПА, повикувајќи се на неколку извори. Палестински извори соопштија дека објектот официјално ќе биде отворен за пешачки сообраќај во вторник. Палестинските власти, заедно со мисијата на Европската Унија, ќе управуваат со палестинската страна на преминот, додаваат изворите. Во меѓувреме, египетски безбедносен извор...

Нетанјаху: Израел е подготвен за итно ослободување на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „Израел е подготвен за итно примање на сите наши заложници“, според соопштение од Канцеларијата на премиерот, откако беа објавени информации дека ослободувањето на заложниците од Газа може да се случи уште вечерва. Во меѓувреме, израелски функционер за јавниот радиодифузен сервис Кан изјави дека армијата очекува заложниците да се вратат во Израел до моментот...

Израелски претставници потврдиле дека Хамас нуди порано ослободување на заложниците

Медиумите на хебрејски јазик, повикувајќи се на неименувани израелски претставници, јавија дека Ерусалим добил индикации дека Хамас сака да го забрза ослободувањето на заложниците во Газа за вечерва, јави Тајмс оф Израел, пренесува МИА. Според извештаите, милитантната исламистичка група дала сигнал дека сака процесот да биде завршен пред утрешното пристигнување на американскиот претседател Доналд Трамп во Израел. Нема официјална потврда за...

Хамас соопштил дека уште денеска може да ги ослободи заложниците, потврди дека 20 се живи

Хамас му потврдил на Израел дека 20 заложници се живи и оти можат да бидат ослободени веќе денес, јави „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на извори запознаени со прашањето, пренесува МИА. Според извештајот, пораката била испратена преку арапски посредници. Израелски функционер за весникот изјавил дека Израел е подготвен да ги прими заложниците вечерва, иако се уште се смета дека понеделник ќе...

Извор од Хамас вели дека групата се откажува од контрола над Газа

Извор од Хамас близок до преговарачкиот тим на палестинската милитантна група Хамас изјавил дека нема да учествува во управувањето со Газа по војната, неколку дена по стапувањето во сила на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, пренесе МИА. - За Хамас, управувањето со Појасот Газа е затворено прашање. Хамас воопшто нема да учествува во транзициската фаза, што значи дека...

На мировниот самит за Газа во Египет, ќе присуствуваат најмалку 20 лидери

Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за утре во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, со цел да се стави крај на војната во Појасот Газа, соопшти претседателството на Египет. Состанокот се одржува откако претходно оваа недела беше постигнат прекин на огнот и договор за ослободување на заложници меѓу Израел и палестинската милитантна група...

Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат, порача Силјановска Давкова

Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да бидеме стандардна европска држава, во која младите ќе остануваат, со која иселениците ќе контактираат и ќе се враќаат, истакна претседателката Гордана Силјановска-Давкова синоќа во нејзиното обраќање на приемот, што по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, се одржа во Генералниот конзулат во Венеција (Местре), во...

УЈП и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура

Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот Бранко Азески и претставници на Стопанската комора на Македонија на која биле презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање, како една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем. Како што соопштија од УЈП, на состанокот двете страни се согласиле...

Обвинителството поведе постапка за криумчарење луксузни автомобили во државава

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Станува збор за осомничени кои се дел од претходно разоткриената шема на дејствија за криумчарење луксузни автомобили од странство преку фалсификување службени и други исправи. Дел од учесниците во оваа шема се претходно обвинети, против дел се веќе изречени пресуди, а за...

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“

Слем-поетот Виктор Спасески од Прилеп е победник на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“, кое од 9 до 12 октомври по 15. пат се одржува во Прилеп. За првпат на финалната вечер имаше тројцапласирани со ист број поени, па слем- поетите мораа да настапат уште еднаш за жири-комисијата одново да гласа. Горазд Китановки – Кени и Валерија Дамчевска беа другите двајца кандидати во тесна конкуренција...