Фото: Пиксабеј

Поранешниот заменик генерален секретар на Обединетите нации, Олара Отуну од Уганда, е седмиот официјален кандидат за функцијата генерален секретар на светската организација.

Кандидатурата на 75-годишниот Отуну ја поднесе Владата на Уганда, а Обединетите нации денеска официјално ги известија земјите-членки за неговата номинација.

Отуну има долгогодишно искуство во системот на Обединетите нации. Од 1997 до 2005 година ја извршуваше функцијата заменик генерален секретар и специјален претставник на ОН за децата и вооружените конфликти, во периодот кога организацијата ја предводеше тогашниот генерален секретар Кофи Анан.

Со неговата кандидатура, бројот на официјални претенденти за наследник на Антонио Гутереш се искачи на седум. Во трката се и поранешната претседателка на Чиле, Мишел Бачелет, поранешната министерка за надворешни работи на Еквадор, Марија Фернанда Еспиноса, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси од Аргентина, Ребека Гринспан од Костарика, Каролин Родригез-Биркет од Гвајана и поранешниот претседател на Сенегал, Маки Сал.

Мандатот на актуелниот генерален секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, истекува на 31 декември годинава, по што земјите-членки ќе изберат негов наследник.