Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД

Принципиелното одобрување на Иран за договорот за прекин на огнот во Газа не смее да се толкува како поддршка за политиката на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. - Г-дин Трамп ги изразува своите претпочитани позиции во различни формати, но тие најмногу се во контрадикција со нашите идеолошки убедувања -...

Орбан најави петиција против „воените планови на Брисел“ за Украина

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан најави започнување на национална петиција чија цел е да се спречат т.н. „воени планови на Брисел за Украина“. Иницијативата доаѓа во време на нов дипломатски спор меѓу Киев и Будимпешта, кој е интензивиран со меѓусебни обвинувања за шпионажа. Во меѓувреме, Европската Унија истражува наводни унгарски шпионски активности во рамките на заедницата, пишува Киев Пост. Во објава...

АМСМ: Во прекин сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес во двата правца

На експресниот пат Штип - Велес попладнево се случила сообраќајна несреќа. Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај за состојбата на патиштата информира дека сообраќајот е во прекин во двата правца.

Зеленски ја повика меѓународната заедница да преземе акција по повеќе од 4.000 руски воздушни напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе од 4.000 руски воздушни напади. - Москва си дозволува да ги ескалира своите напади, отворено искористувајќи го фактот што светот е фокусиран на обезбедување мир на Блискиот Исток. Токму затоа не смее да се дозволи никакво слабеење на притисокот. Санкциите,...

Рафа се отвора за пешаци, преминот најверојатно ќе биде функционален од вторник

Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа се очекува да биде повторно отворен за цивили следната недела, јави ДПА, повикувајќи се на неколку извори. Палестински извори соопштија дека објектот официјално ќе биде отворен за пешачки сообраќај во вторник. Палестинските власти, заедно со мисијата на Европската Унија, ќе управуваат со палестинската страна на преминот, додаваат изворите. Во меѓувреме, египетски безбедносен извор...

Нетанјаху: Израел е подготвен за итно ослободување на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „Израел е подготвен за итно примање на сите наши заложници“, според соопштение од Канцеларијата на премиерот, откако беа објавени информации дека ослободувањето на заложниците од Газа може да се случи уште вечерва. Во меѓувреме, израелски функционер за јавниот радиодифузен сервис Кан изјави дека армијата очекува заложниците да се вратат во Израел до моментот...

Израелски претставници потврдиле дека Хамас нуди порано ослободување на заложниците

Медиумите на хебрејски јазик, повикувајќи се на неименувани израелски претставници, јавија дека Ерусалим добил индикации дека Хамас сака да го забрза ослободувањето на заложниците во Газа за вечерва, јави Тајмс оф Израел, пренесува МИА. Според извештаите, милитантната исламистичка група дала сигнал дека сака процесот да биде завршен пред утрешното пристигнување на американскиот претседател Доналд Трамп во Израел. Нема официјална потврда за...

Хамас соопштил дека уште денеска може да ги ослободи заложниците, потврди дека 20 се живи

Хамас му потврдил на Израел дека 20 заложници се живи и оти можат да бидат ослободени веќе денес, јави „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на извори запознаени со прашањето, пренесува МИА. Според извештајот, пораката била испратена преку арапски посредници. Израелски функционер за весникот изјавил дека Израел е подготвен да ги прими заложниците вечерва, иако се уште се смета дека понеделник ќе...

Извор од Хамас вели дека групата се откажува од контрола над Газа

Извор од Хамас близок до преговарачкиот тим на палестинската милитантна група Хамас изјавил дека нема да учествува во управувањето со Газа по војната, неколку дена по стапувањето во сила на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, пренесе МИА. - За Хамас, управувањето со Појасот Газа е затворено прашање. Хамас воопшто нема да учествува во транзициската фаза, што значи дека...

На мировниот самит за Газа во Египет, ќе присуствуваат најмалку 20 лидери

Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за утре во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, со цел да се стави крај на војната во Појасот Газа, соопшти претседателството на Египет. Состанокот се одржува откако претходно оваа недела беше постигнат прекин на огнот и договор за ослободување на заложници меѓу Израел и палестинската милитантна група...