Афера „Големото уво“ во САД: Осум републикански сенатори биле прислушувани во време на Бајден
И Американцте имаат своја афера „Големото уво“. За тоа, во текот на седмицата што изминува се расправаше и во американскиот Сенат, во рамки на сослушувањето на генералната американска јавна обвинителка Памела Бонди, која за акциите што ги спроведува водеше војна со противниците од Демократската партија.
Осум републикански сенатори биле прислушувани, но изгледа тоа е најмал проблем, Посебно впечатливо е што...
Почина Дајан Китон
Актерката Дајан Китон, најпозната по улогите во филмовите „Ени Хол“, „Кум“ и „Љубовта не знае за години“ („Something’s Gotta Give“), почина на 79-годишна возраст, јави американското списание Пипл.
Китон починала во Калифорнија, а нејзините најблиски побарале приватност, изјави семеен портпарол за медиумот.
Глумицата стекна светска слава во 1970-тите со улогата на Кеј Адамс во трилогијата „Кум“, како и со своите соработки...
Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф синоќа ги пофали напорите на претседателот на САД, Доналд Трамп, за постигнување примирје во Газа, во говорот што го одржа на митинг на Плоштадот на заложниците во Тел Авив, на кој присуствуваа стотици илјади луѓе.
- Сите му должиме длабока благодарност на претседателот Трамп - изјави Виткоф, пред да биде прекинат од долг аплауз и...
Последна недела кампања за локалните избори
На една седмица од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Чучер-Сандево, Свети Николе и Штип, додека СДСМ има најавено...
До што доведува неусогласеноста на годишните времиња на Земјата
Навикнати сме да ја доживуваме природата преку сигурни рамки - пролетта носи цветови, летото бујно зеленило, есента златни плодови, а зимата мир и сон. Така замислените четири годишни времиња дејствуваат како правило. Но што ако тој ритам не е универзален, ниту пак секогаш усогласен?
Глобална мапа на сезонските циклуси
Новото истражување, објавено во престижното списание „Нејчр“, покажува дека годишните времиња на...
Брзата експанзија на роботиката како стратешки столб за индустриска модернизација
Кина конструира повеќе индустриски роботи од остатокот од светот заедно
Кина конструира повеќе од половина од светските инсталации на индустриски роботи во 2024 година, со рекордни 295.000 единици распоредени низ целата земја, според извештајот „Ворлд роботикс“ на Меѓународната федерација за роботика (ИФР).
Оваа бројка претставува 54 отсто од глобалните распоредувања, што ја прави Кина најголемиот пазар за роботика во светот со...
Коридорите се реалната евроинтеграција
Забрзувањето на домашните возови добива поттик - инфраструктурното вмрежување е приоритет
Развојот на пругите по должината на коридорот 10 е значаен, како за населението така и за економијата, особено за сектори што имаат потреба од превоз на стока и кај соседите, па затоа и поврзувањето со соседна Србија, но и со соседна Грција и забрзувањето на брзината на возовите...
Европа ќе се обединува со брза железница
Амбициозен проект на ЕУ во следните две децении
Проектот тежок 546 милијарди евра предвидува повеќе од 49.400 километри нови и модернизирани пруги, по кои возовите би се движеле со брзина помеѓу 250 и 350 километри на час. Новата мрежа ќе ги опфати сите поголеми градови, но и поголеми агломерации со повеќе од 250.000 жители, како што се Солун, Љубљана,...
Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи
Четири лица загинаа и најмалку 12 се повредени во пукање што се случило денеска во градот Лиланд во сојузната држава Мисисипи - соопштија локалните власти.
Градоначалникот на Лиланд, Џон Ли, за „Си-би-ес Њуз“ изјави дека пукањето се случило околу полноќ и оти четири повредени лица биле со хеликоптер пренесени во локални болници. Засега нема информации за нивната здравствена состојба.
Истрагата е...
Родителите на настраданите во пожарот во Кочани од утре најавија едночасовни блокади на сообраќакот се додека не започне судењето за „Пулс“
Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15.15 до 16.15 часот, се додека не започне судењето.
Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од 26. „Марш за ангелите“ одржан денеска пред...







































