Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
Албанската полиција привела жител на пограничното село Маќелари, поради шверц на стока од македонска територијата, како и царински службеници за помагање во делото.
- Приведен е А.Ц. (42) жител на село Маќелари во чие возило „Опел" откриена е поголема количина детергенти и друга стока, прошверцува од Македонија, преку граничниот премин „Блато". Приведени се и двајца царински службеници, за корупција и...
Во болницата во Гостивар почнаа да се извршуваат ортопедски операции
Во гостиварската болница од денеска почнаа да се извршуваат операции во одделот за ортопедија. Тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје во наредниов период ќе работи со гостиварските лекари, со што, како што беше кажано на прес-конференција, идните пациенти нема да треба да патуваат и ќе се лекуваат поблиску до местото на живеење.
Министерот за здравство Азир Алиу при денешната...
МЕПСО и Француската агенција за развој потпишаа договор од 600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа
Грант-договорот меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD) денеска беше потпишан во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со што се означува континуитетот и продлабочувањето на техничката соработка насочена кон поддршка на модернизацијата на националната преносна електроенергетска мрежа.
Овој грант во вредност од 600.000 евра овозможува насочена техничка помош за унапредување, модернизација и дигитализација на преносната...
Во Кавадарци почна судењето по обвинителен предмет за сомнеж за несовесно лекување
Во Основниот суд Кавадарци денеска беше одржано првото рочиште по обвинителен предмет за сомнеж за несовесно лекување на пациентка на возраст над 35 години од Кавадарци.
Случајот датира од пред две години, а на денешното рочиште обвинетиот лекар се изјасни дека не се чувствува виновен по обвинението. Во текот на рочиштето беа сослушани и тројца сведоци.
Следното рочиште е закажано за...
Силјановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето
Денот на белиот стап е потсетник дека разликите не нѐ делат туку нѐ зближуваат и прават побогати. Да создадеме и живееме во општество каде секој чекор, глас и допир се чувствува, оти има значење. Нема хендикепирани луѓе, има хендикепирано општество. Крајно време е од оваа држава да направиме пристојно место за сечиј живот, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на отворањето...
Следниот викенд завршува летното сметање на времето, на 26 октомври почнува зимското
Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање.
Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно...
Откриена царинска измама со додатоци на храна во изнoс од 622 илјади денари
Царинската управа откри обид за царинска измама поврзана со увоз на додатоци на храна, при што е спречено неплаќање давачки во вкупен износ од 622.000 денари.
- Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492...
ДИК разгледуваше приговори за лично избирачко право и за гласање во домашни услови
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница разгледуваше приговори за лично избирачко право и од болни и немоќни лица на кои не им било прифатено барањето за гласање во домашни услови. На седницата беа прифатени неколку од овие приговори, а членовите на ДИК нагласија дека на лицата на кои им се прифатени приговорите за лично избирачко право бидејќи ги...
Зеленчук што го штити срцето и помага при слабеење
Здрава храна
Ако барате намирница што ќе го зајакне вашето здравје, а притоа и ќе ги поттикне варењето и слабеењето, лековитата поточарка е зеленчук што вреди да се додаде на менито. Лековитата поточарка можеби не е првиот зеленчук што ќе го ставите на списокот за купување, но оваа горко-лутка билка е полна со нутриенти и здравствени придобивки, кои апсолутно не...
Во спомен на Владимир Блажев-Панчо
Владимир Блажев-Панчо, членот на дуото ДНК, кој беше сериозно повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, почина вчераутро во 10 часот, по долго болничко лекување.
Панчо извесно време бил во кома, а имал и тешки изгореници на лицето и на рацете. Иако многумина се надеваа дека ќе закрепне, сепак тој им потклекна на повредите.
Роден во Скопје на 29 јули...







































