Мицкоски: Има доволно гориво, засега нема потреба од ограничувања

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во земјава има доволни количини на нафтени деривати и дека засега нема потреба од воведување ограничувања. Тој посочи дека и покрај зголемената потрошувачка, пред сè поради граѓани од соседните земји кои доаѓаат да точат гориво, состојбата е стабилна. Потрошувачката, како што рече, пораснала од околу 10 на 15 проценти во споредба со претходниот период, пренесе...

Клековски: 45% од возрасните пушат – новиот закон ќе биде најпрогресивен, но без поддршка нема ефект

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, оцени дека новиот закон за забрана на пушење ќе биде најпрогресивен во регионот, но неговата успешна примена ќе зависи од поддршката на граѓаните, пренесе МИА. Тој посочи дека во земјава дури 45 проценти од возрасните се пушачи, што сериозно го зголемува ризикот од малигни заболувања. Според него, и покрај вложувањата во скрининг,...

Во Скопје утре ќе се воведе посебен сообраќаен режим поради одржување на две спортски трки на повеќе локации низ градот.

Првата активност е планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, која започнува во 07.00 часот. Сообраќајот ќе се затвора во три кратки интервали од по пет минути — од 07.00 до 07.05, од 08.00 до 08.05 и од 09.00 до 09.05 часот. Стартот и целта се лоцирани кај комплексот „Македонско село“, а трасата се движи по дел од патот кон Горно...

Подобрен третман и поголем буџет го продолжуваат животот на пациентите со рак, покажуваат податоците од Онкологија

Животниот век на пациентите со рак на дојка, рак на бели дробови и меланом значително се зголемува во споредба со претходните години, благодарение на поквалитетен третман, воведување нови лекови и зголемен буџет за лекување на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Иако бројот на новодијагностицирани случаи останува релативно стабилен, вкупниот број на пациенти расте, што укажува дека тие живеат подолго...

МААЕ: Ракетен удар во близина на нуклеарната централа во Бушер, нема зголемено зрачење

International Atomic Energy Agency
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека добила информации од Иран за ракетен удар во област во близина на нуклеарната централа во Бушер. Според агенцијата, во инцидентот бил погоден дел од локацијата, при што едно лице од обезбедувањето загинало откако било погодено од фрагмент од ракета. Во соопштение објавено на платформата „X“, МААЕ информира дека зграда во рамки...

Тешка автобуска несреќа во Анкара: Пет загинати и 14 повредени

Пет лица загинаа, а 14 се повредени во тешка сообраќајна несреќа со патнички автобус што се случила утрово во близина на Анкара, објави ТРТ Хабер. Според информациите, автобусот удрил во потпорен столб на надвозник, по што се превртел и претрпел големи оштетувања. Несреќата се случила во населбата Сарај, во близина на селото Кахраманмарас, каде што ударот бил со силен интензитет....

„Подготвена за експлоатација“: среде ’рѓа, плевел и прекини на струја, Венецуелците се надеваат на нов нафтен бум

Инфраструктурата се распаѓа, а владата е нестабилна, но постојат сеќавања за индустрија што некогаш цветала благодарение на огромните резерви на сурова нафта во Венецуела и која би можела повторно да заживее, и покрај климатската криза Во Кампо Боскан, огромен комплекс во западна Венецуела, дупчалките, пумпите и нафтоводите што извлекуваат сурова нафта работат во услови на распаѓање: патиштата се оштетени, плевел...

Јаневска: Новиот закон за високо образование во владина процедура од понеделник, најавени построги критериуми

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека новиот закон за високо образование ќе биде финализиран и од понеделник ќе влезе во владина процедура, при што ќе бидат земени предвид сите конструктивни и аргументирани забелешки доставени од јавноста и академската заедница. Таа потенцира дека дел од забелешките веќе биле прифатени во текот на подготовката на законот, а дополнителни...

Славословие од срцата на децата – настан за Цветници во Струга

По повод големиот христијански празник Цветници, во Струга ќе се одржи настанот „Славословие од срцата на децата“, со цел да се одбележи празникот во духот на традицијата, верата и детската креативност. Настанот ќе се реализира во пријатна празнична атмосфера и ќе вклучува разновидна програма со песни и рецитали, како и конкурси за ликовна и книжевна творба. Манифестацијата ќе се одржи...

Мицкоски најави намалување на акцизите: Поевтинување на дизелот и бензините од следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Општина Илинден изјави дека се исполнети условите за намалување на акцизите на горивата, при што дизелот би се намалил за 4 денари по литар, а бензините за 2 денари по литар. Тој најави дека за утре во 11 часот е закажана седница на Владата на која ќе се донесат конкретни мерки за заштита од...