Фото: Маја Јаневска-Илиева

Авионска дезинсекција против ларви од комарци ќе се спроведе на подрачјето на градот Скопје на 7 мај 2026 година (четврток), во раните утрински часови, информираа од Град Скопје.

Оттаму информираат дека доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се изврши во првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин.

Надлежните апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.