Бела куќа: Нема планови за средба Путин – Трамп во блиска иднина

Нема планови „во блиска иднина“ за средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, јавија британските медиуми повикувајќи се на висок функционер на Белата куќа. Имено, висок функционер на Белата куќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин немаат планови за средба „во блиска иднина“, пренесуваат британските меидуми, а изјавата доаѓа само...

Нема да останеме без гас, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии, Сања Божиновска, не очекува проблем во снабдувањето со гас, откако Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси. Божиновска, денеска на новинарско прашање рече дека до 2027 година треба да биде готов гасоводот со Грција и нагласи дека на ниво...

Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, порача Николовски

Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада кој носи големи економски и политички придобивки, порача вицепремиерот и мнистер за транспорт Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан во рамки на Самитот за Западен Балкан - Берлински процес кој се одржува во Лондон. Тој најави голем...

Над 60 илјади лица досега пријавени за вакцинација, соопштија од Министерството за здравство

За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица - информираат од Министерството за здравство. Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. -Со бесплатната...

Европарламентот усвои нови правила за возачките дозволи во ЕУ

driver's license
Европскиот парламент денеска ги поддржаа измените на правилата на ЕУ за возачки дозволи со кои, меѓу другото, се предвидува нивна важност од 15 години, две години пробен период за возачите почетници, воведување дигитални дозволи и намалување на возраста за стекнување законско право за управување со возила. Според Европскиот парламент, ова ажурирање на правилата за возачки дозволи ќе придонесе за зголемување...

ОЈО – Скопје постапува во врска со евентуално кривично дело поврзано со состојбата со отпадот во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје. Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да...

Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС и ДСЗИ, ИЈЗ да отпочнат инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена

Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница ги донесе следните заклучоци: - Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да отпочнат со...

Нема конкретен термин за самитот Путин – Трамп, соопшти Кремљ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека ниту рускиот ниту американскиот претседател не објавиле конкретен термин за одржување на средба. - Ниту Владимир Путин, ниту Доналд Трамп, не објавија конкретен термин. И американската и руската страна изјавија дека ова може да потрае - посочи Песков, додавајќи оти подготовките за претседателската средба се сериозни. Претходно, американски медиуми објавија дека е одложена...

Над 900 лица под пробациски мерки од затворите во земјава

Над 900 лица во моментов се под пробациски мерки, а системот има капацитет да опфати уште многу повеќе, беше истакнато пред работниот состанок на тема „Пробација и условен отпуст“, кој се одржува денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје. Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, посочи дека пробацијата во Македонија постои веќе...

Продолжен притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена

Sudenje Onkologija Nino Vasev
Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација. Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го...