Четири лица приведени, шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Министерство за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие биле лишени од слобода четири лица, додека се евидентирани вкупно шест пријави поврзани со семејно насилство, пренесе МИА.
Утринава во 04.50 часот во СВР Куманово, 49-годишен маж од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 23.30 часот, 70-годишна жена од тетовско...
Акциска контрола во Скопје: Осум пијани возачи санкционирани, едно лице приведено
Во рамки на акциска контрола во патниот сообраќај, спроведена од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи, вчера во периодот од 21.00 до 03.00 часот на подрачјето на општините Кисела Вода, Илинден и Ѓорче Петров санкционирани се осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, додека две лица одбиле алкотестирање, пренесе МИА.
Дополнително,...
МВР приведе 10 возачи за едно деноноќие – без дозвола и под дејство на алкохол
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА.
Петмина возачи биле приведени поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца во Кичево и по еден во Битола, Штип и гостиварскиот регион.
Останатите петмина биле лишени од слобода затоа што...
Димитриеска-Кочоска: Стабилноста на македонскиот денар е врвен приоритет по 34 години монетарна самостојност
Зачувувањето на стабилноста и сигурноста на македонскиот денар е врвен приоритет, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на социјалните мрежи, пренесе МИА.
Таа посочи дека денеска се одбележуваат 34 години монетарна самостојност и постоење на македонски денар, кој, како што наведе, успешно се справувал со бројни предизвици и се изградил во стабилна и сигурна валута.
-Зачувувањето на таа стабилност...
Напаѓачот сакал да ги нападне Трамп и претставници на администрацијата, посетата на Чарлс Трети останува во планот
Вршителот на должноста државен обвинител на САД, Тод Бланч, изјави дека истражните служби веруваат оти цел на човекот што пукаше за време на вечерата на претседателот Доналд Трамп со дописниците од Белата куќа биле претставници на администрацијата, како и самиот претседател.
-Се чини дека навистина цел му биле луѓето што работат во администрацијата, веројатно вклучувајќи го и претседателот - изјави...
Родиумот најскап метал на светот – над 325 долари за грам, ограничен од глобалните резерви и производство
Родиумот е најскапиот природен метал на светскиот пазар, со цена што надминува 325 долари за грам, изјави професорот од Руски економски универзитет „Плеханов“, Михаил Гордиенко, пренесе МИА.
Тој објасни дека родиумот припаѓа на групата платинести метали и дека неговата висока цена произлегува од тоа што не се ископува директно, туку се добива како спореден производ при експлоатација на платина и...
ЕУ покажува голем интерес за Коридор 8 и Коридор 10, Македонија во клучна геостратешка позиција
Европска Унија покажува голем интерес за Коридор 8, кој, како што изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, е прогласен за втор најзначаен безбедносен коридор во НАТО Алијансата, пренесе МИА.
Тој посочи дека коридорот започнува во Италија и продолжува преку Драч, Тирана, Охридското Езеро, Скопје, Деве Баир, Софија, Варна и Бургас, па сè до Одеса, што му дава големо...
Пожар во РАФ Ферфорд: оштетена база на американски бомбардери во Британија
Во британската воена база на Кралското воздухопловство РАФ Ферфорд во Глостершир синоќа избувнал пожар, при што е оштетена зградата на поранешната кантина, пренесе МИА.
Засега нема информации за повредени лица, а огнот не ги зафатил авионите, пистите и хангарите.
Кралско военовоздухопловство на Велика Британија РАФ Ферфорд претставува главна оперативна база во Европа за американските стратешки бомбардери, меѓу кои Б-1Б Лансер и...
Скопје добива нов градски воз, електрични автобуси и модернизација на железницата за намалување на загадувањето
МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за набавка на најмалку пет нови товарни локомотиви, а паралелно се водат разговори со Светска банка за набавка на нови возови. Во план е и проектот за „Градски воз“, при што првата линија се очекува да започне со работа на 1 септември, како и набавката на нови електрични автобуси - изјави вицепремиерот Николоски.
Во...
Хаос на вечерата со дописниците: Вооружен напаѓач сакал да ликвидира политичари
Напаѓачот на вечерата со дописниците во хотелот Вашингтон Хилтон во Вашингтон, идентификуван како Кол Томас Ален од Калифорнија, признал дека цел му биле американски политичари, пренесе „Ен-би-си њус“.
Тој утре ќе биде изведен пред суд, каде ќе се соочи со две обвиненија – незаконска употреба на огнено оружје и напад врз сојузен агент со опасно оружје.
Според истражителите, Ален е од...







































