Вршителот на должноста државен обвинител на САД, Тод Бланч, изјави дека истражните служби веруваат оти цел на човекот што пукаше за време на вечерата на претседателот Доналд Трамп со дописниците од Белата куќа биле претставници на администрацијата, како и самиот претседател.
-Се чини дека навистина цел му биле луѓето што работат во администрацијата, веројатно вклучувајќи го и претседателот – изјави Бланч, пренесе „Ен-би-си њус“
Тој додаде дека осомничениот најверојатно патувал со воз од Лос Анџелес до Чикаго, а потоа продолжил кон Вашингтон.
Главниот обвинител изрази увереност дека посетата на британскиот крал Чарлс Трети на Вашингтон ќе се реализира според планот и ќе помине во целосна безбедност.
Кралот Чарлс Трети треба да ја започне државната посета на Соединетите Американски Држави утре попладне по американско време.
Од Бакингемска палата соопштија дека кралот бил информиран за пукањето на гала вечерата и дека е задоволен што претседателот Трамп и првата дама Меланија Трамп не се повредени.
Во соопштението се наведува дека се водат интензивни разговори за тоа дали инцидентот би можел да влијае врз оперативното планирање на посетата.
































