Покачување за вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денес потпиша Анекс на Колективниот договор со претставниците на репрезентативните синдикати УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според Анексот, вработените во Фондот ќе добијат покачување на платите од пет проценти започнувајќи со априлската плата за оваа година, а истото покачување ќе биде имплементирано и во 2027 и 2028 година.
- Очекувам дека...
Силјановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност
Климатските промени веќе не се далечна закана, туку реалност што секојдневно ја живееме, истакна денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова. Таа нагласи дека државата мора да премине од реактивен кон превентивен пристап, со јасно дефинирани политики и координирани институционални одговори. Воедно, ја истакна уставната обврска за заштита на природата, но и предупреди дека без доследна примена на законите и стратегиите,...
Пораст на извозот во првите два месеци
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од порастот на извозот во првите два месеца од годинава, што според него е охрабрувачки, бидејќи не се случило намалување иако имало одредени стравувања.
- Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика, извади еден податок кој што е, би рекол охрабрувачки, но тоа е за првите два месеци за јануари и февруари пред...
Колективните договори почнаа да се применуваат, вели Мицкоски
Сите колективни договори што се потишани во јавниот и државниот сектор започнаа да се применуваат, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека тоа е случај и со линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во Министерството за внатрешни работи.
- Оваа година за нас е навистина тешка, особено со случувањата во Заливот. Нешто за коешто веќе зборував, но...
Подобрена состојбата со јавниот превоз во Скопје, тврди Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, одговарајќи на советничко прашање, нагласи дека е подобрена состојбата со јавниот превоз. Потенцира дека во моментот 180 автобуси сообраќаат на линиите.
- Што се однесува на голготата што ние ја поседуваме, а е во сопственост на ЈСП Скопје, од состојба на речиси 130 наши автобуси, кои беа во функција, сега во моментот од гаражите...
Актуелната криза со нафта е посериозна од кризите во 1973, 1979 и 2022 година заедно, тврди шефот на MAE
Сегашната криза со нафтата и гасот предизвикана од блокадата на Ормускиот теснец „е посериозна од кризата во 1973, 1979 и 2022 година заедно“, изјави Фатих Бирол, шеф на Меѓународната агенција за енергија (MAE), за весникот „Ле Фигаро“.
-Светот никогаш не доживеал прекин на снабдувањето со енергија од ваков обем - вели тој во интервјуто за француски весник.
Тој додаде дека европските...
Мицкоски: Спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
Со корекциите кои ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5 проценти, вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека внимателно ја анализираат состојбата и очекува...
Променете ја бојата на плочките без кршење
Домување
Како правилно да ги обоите плочките и да спречите лупење на бојата? Научете ги клучните чекори за подготовка, избор на боја и совети за долготрајни резултати. Успешното боење плочки зависи од добрата подготовка и правилното чистење на подлогата. Брусењето и грундирањето се клучни за долготрајно лепење на бојата. Епоксидните и емајлираните бои даваат најдобри резултати во влажни простории.
Боењето плочки...
Ајкулите на Бахамите имаат проблем со зависност од опијати
Проблемот со зависноста се чини дека повеќе не е ограничен само на луѓето. Консумирањето кокаин, кофеин и лекови против болки остава трага не само врз здравјето на луѓето туку и врз здравјето на другите живи суштества околу нас.
Група научници од Федералниот универзитет во Парана во Бразил ги истражуваа загадувачите во водите на Карибите и Бразил и открија загрижувачки тренд....
Што имаат заедничко растенијата, печурките и жабите?
Што имаат заедничко растенијата, печурките и жабите? Ако ви падна на памет зелената боја, во право сте, но не и во овој случај. Имено, поединечни членови на сите три вида можат да произведуваат психоделични супстанции. А сега научниците малку си поиграа со гените и создадоа суперрастенија што на тој начин станаа фабрика за природни психоделични супстанции.
Како што наведуваат во...








































