Силјановска-Давкова: Да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат на две години

Локалните избори беа сосема во ред, како што треба да бидат по 30 години. Ме изненади малиот број кандидатки, очекував дека ќе има повеќе жени, оцени вечерва претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Во гостувањето на емисијата „360 степени“ на МРТ, Силјановска-Давкова порача дека треба да се размисли за ограничување на мандатот на градоначалниците на две години. Во спротивно, како што објасни, има...

СЗО: Потребна е итна акција за финансирање на здравствените системи во задолжените земји

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е потребна итна и координирана акција за финансирање на основните здравствени системи во голем број земји кои се соочуваат со големи долгови и намалување на меѓународната помош. - Светот се соочува со глобална вонредна состојба во финансирањето на здравството која бара координирана и итна акција - изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус,...

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот

Портпаролот на палестинската милитантна група Хамас, Хазем Касем, денеска изјави дека континуираното бомбардирање и уништување на куќи и станбени населби во Појасот Газа од страна на Израел претставува јасно прекршување на договорот за прекин на огнот. Тој ги повика посредниците да извршат притисок врз Израел „да ги запре овие прекршувања, кои вклучуваат убиства, продолжување на блокадата, ограничување на помошта и...

Нетанјаху: На Израел му е потребна голема армија, преминавме од ограничување кон иницијатива

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека на Израел му е потребна голема армија, со резервни формации во нејзиното јадро. - Резервните сили се фундаментална компонента, клучен елемент. Ни треба голема, силна, а воедно и паметна армија - рече Нетанјаху на конференција со високи резервни офицери, на која присуствуваа и министерот за одбрана Израел Кац и началникот на Генералштабот на...

Шведска ја суспендира дел од помошта за Србија поради корупција

Владата на Шведска одлучи да ја „прилагоди поддршката“ за Србија во рамките на Стратегијата за партнерство за реформи на Шведска со Западен Балкан и Турција, објавено е на веб-страницата на шведскиот парламент. Таа одлука значи дека делови од поддршката за државните институции во Србија ќе бидат суспендирани и дека поддршката ќе биде фокусирана во поголема мера на зајакнување на граѓанското...

Христо Татарчев – основач и визионер на македонското револуционерно движење

Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со зборовите и визијата на Христо Татарчев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО) и прв претседател на Централниот комитет. Роден е на 16 декември 1869 година во Ресен, потекнувал од богато трговско и банкарско семејство. Се школува во Пловдив, Цирих и Берлин. Поради својата револуционерна дејност...

Херцог го повика Израел да ги почитува сите клаузули од мировниот план за Газа на Трамп

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска изјави дека земјата мора да ги почитува сите клаузули од мировниот план за Газа, кој беше усвоен по предлог на американскиот претседател Доналд Трамп. Говорејќи на државната комеморативна церемонија по повод 30 години од убиството на израелскиот премиер Јицак Рабин, Херцог рече дека Израел мора „со сите средства и алатки да ги врати телата на...

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки

Одржување на партиски конгрес до 20 декември е една од главните одлуки на Демократската унија за интеграција (ДУИ) која денеска во партиското седиште во Мала Речица одржа седница на Централното претседателство свикана од страна на партискиот претседател Али Ахмети. - Дискутиравме за сите развои, за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за колицијата итн.  Имајќи предвид дека истечен рокот...

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори што се одржа вчера. Како што истакна претседателот на ДИК, Борис Кондарко, се гласаше во 32 општини и во градот Скопје, а вкупниот бројот избирачи изнесуваше 1.013.357. Бројот на избирачки места на кои се спроведе гласањето беше 1.777, вкупниот број избирачи кои гласале...

Евростат: Во Европа има 13,25 милиони невработени

Во еврозоната, стапката на невработеност измерена според методологијата на Меѓународната организација на трудот (ILO) во септември изнесувала 6,3 проценти, исто како и во претходните два месеца, покажуваат пресметките на Евростат. На ниво на Европската унија, стапката останала на нивото од август, кога според ревидираните податоци на статистичката служба изнесувала 6 проценти. И во септември минатата година еврозоната бележела стапка на невработеност...