Судењето за „Геријатрија“ во фаза на доказна постапка, наредното рочиште на 10 ноември
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Геријатрија“ против поранешниот директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина Мухсин Арифи и негувателот Блерим Амити, обвинети за примање поткуп и награда за противзаконито влијание.
Судењето е во фаза на доказна постапка, при што Судот продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството за гонење организиран криминал и...
Бројот на нови барања за азил во земјите на ОЕЦД достигна рекорд
Бројот на нови барања за азил во земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) достигна нов рекорд во 2024 година, зголемувајќи се за 13 проценти во споредба со претходната година, се наведува во годишниот извештај за миграција на ОЕЦД објавен денеска.
Во 2024 година биле регистрирани околу три милиони нови барања за азил, стои во извештајот.
Појавата главно...
Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ и избега
Денеска во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје.
Како што информираат од Министертвото за внатрешни работи, велосипедистот од здобиените повреди починал на местото на настанот.
- По...
Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција.
Станува збор за прв настан од ваков тип на кој со телевизиски пренос во живо ќе...
ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади
Вториот круг од изборите за градоначалници им понуди на гласачите избор меѓу политичките алтернативи и кампањата беше конкурентна во поголемиот дел од општините, но не сите кандидати имаа еднакви услови за кампања, беше посочено на прес-конференцијата на меѓународната набљудувачка мисија од ОБСЕ /ОДИХР за вториот круг од локалните избори во земјава.
Набљудувачите оценија дека како и во првиот круг, основните...
Николовска, Стојановски и Андонов се кандидати за пратеници на местото на Стаменковска, Мицевски и Проданоски
Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори, заклучи Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница.
Како што образложи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги заменат Стаменковска...
Постигнат значителен напредок во спроведувањето на реформите, вели ЕК во извештајот за проширување на земјава
Северна Македонија постигна значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со Реформската агенда, за што доказ е и исплатата на две транши на средства во рамки на Планот за раст на Западен Балкан, се наведува во Извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат, што Европската комисија официјално ќе го објави утре.
- (Македонските) власти продолжија да работат на имплементација...
Пријавени над 76 илјади граѓани за вакцинација против грип, вакцинирани се над 43 илјади
За вакцинација против сезонски грип за ризични категории население досега се пријавени над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица низ државата, соопшти Министерството за здравство.
- Заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата вакцинација.мк или преку својот матичен лекар. Превентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација...
Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во следните четири години и дека се очекува Европската Унија да ја плати сметката, но истакна дека „не е работа на Унгарија да ја финансира Украина“, иако неговата земја е членка на ЕУ.
Орбан...
Колку повеќе пари Западот троши за Киев, толку повеќе територии ќе ѝ се вратат на Русија, истакна Медведев
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека колку повеќе западните земји трошат на поддршка за Киев, толку повеќе територии на крајот ќе ѝ се вратат на Русија и „крајот на режимот во Киев ќе биде пострашен“.
Медведев го нарече украинското раководство, кое во текот на неколку години, како што рече, проневери милијарди долари западно финансирање,...








































