„Светлината на сребрените божествени нишки“ – филигранска изложба во Кавадарци

Дека уметноста на филигранската изработка продолжува да инспирира современи уметници и занаетчии, обединувајќи ја традицијата со современиот уметнички израз,  потврди и изложбата на уметницата Марина Убавкова, која  беше отворена во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.  На изложбата  Убавкова ја презентира својата колекција изработена во 2025 година под наслов „Светлината на сребрените божествени нишки“ и...

„Политико“: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија

И покрај тоа што го смени името во 2019 година за да го реши спорот со Грција, Северна Македонија останува попречена на патот кон ЕУ поради историскиот и јазичниот спор со Бугарија - наведува бриселскиот портал „Политико“ во осврт пред денешното објавување на извештаите за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ. - Иако се очекува...

Документарен филм за планинарскиот клуб „Љуботен“ по повод сто години постоење

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, најстариот планинарски клуб во Македонија, годинава одбележува еден век постоење со документарен филм кој првпат во земјава го прикажува животот, предизвиците и подвизите на едно планинарско друштво. Од клубот велат дека документарецот го следи развојот на клубот од неговото основање во 1925 година, преку изградбата на домовите на Шар Планина, до денешните генерации кои...

Расте извозот на руска нафта во Индија

Увозот на сурова нафта од Русија во Индија се зголеми во октомври во споредба со претходниот месец, според прелиминарни податоци од аналитичарите „Кплер“ и „ОилИкс“. „Кплер“ процени дека увозот на руска сурова нафта од Индија во октомври изнесувал околу 1,48 милиони барели дневно (бпд) во споредба со 1,44 милиони бпд во септември. „ОилИкс“ даде слични бројки од 1,48 и 1,43...

Судењето на поранешниот директор на затворот во Шутка одложено за 12 ноември

Судењето против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот, кои се обвинети дека овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби се одложува за 12 ноември. Рочиштето, како што информираат од Судот, е отповикано по добиено известување од јавниот обвинител дека не може да присуствува поради здравствени причини, како и известувањето...

Еден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело. Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице, информираат од Републичкото јавно обвинителство. Сега починатиот Никола Тимев, како што се вели во соопштението, претходно...

Андоновски: Со помалку бироктатија го поддржуваме развојот на електронската трговија

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите. Ова го порача денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на отворањето на осмата регионална Е-комерц конференција во Скопје. Тој истакна дека е-трговијата...

Се степале неготинки, една е повредена, три се приведени

Физичка пресметка во Неготино завршила со повредена неготинка и приведени три неготинки. - Денеска во два часот, полициски службеници од ОВР - Неготино ги приведоа 34-годишната Б.Џ., 26-годишната С.К. и 31-годишната С.Д., сите од овој град, затоа што на улица „Даме Груев“ во градот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Џ. и С.Д. од една страна...

Избувна пожар во нуклеарна централа во Бугарија

Во машинската просторија на петтата единица на бугарската нуклеарна централа Козлодуј избувна пожар, што предизвика итна реакција кај работниците во централата. Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарната служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема. Официјално беше објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето. Работниците во централата остануваат во готовност додека инцидентот...

Ќе се мери бучавата на 30 локации во Центар

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутирал за проектите што е предвидено да се реализираат во наредните четири години. Тој најави дека, во ноември ќе се одржат буџетските форуми каде што граѓаните се добредојдени да дадат што поголем број на идеи и предлози за развој на општината, информираа утрово од кабинетот на Герасимовски. -...