Изложба на дела од колонијата Дрен 2025 во Прилеп
Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложба на дела од 17-та ликовната колонија „Марко Цепенков - Дрен 2025“, што Центарот ја реализираше во септември со поддршка на Министерството за култура и туризам.
Најпрво, присутните гости ги поздравија директорката на Центарот Марија Попова Јованоска, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, а отворајќи ја изложбата, координатор на...
Прв депозит за млади на пазарот – „VIBE ON“ флекси депозит од Шпаркасе банка
Шпаркасе Банка АД Скопје го претставува првиот депозит за млади на пазарот VIBE ON Флекси депозит– нов, модерен и единствен депозитен производ наменет за млади од 18 до 28 години, создаден за генерацијата што сака слобода, флексибилност и контрола над своите финансии.
Со VIBE ON Флекси депозитот, младите добиваат можност да штедат по свои правила, да прават дополнителни уплати и...
Деветмина загинаа во лавина и снежна бура на Хималаите
Силните снежни бури и лавината на Хималаите убија девет лица во Непал, вклучувајќи пет Италијанци и еден француски државјанин - соопштија денеска властите.
Двете несреќи се случија од петокот на снежните врвови во земјата. Вчера наутро, лавина однесе 12 лица кои беа во базниот камп на Јалунг Ри, врв што достигнува 5.630 метри надморска височина, во источен Непал. Седум од...
Путин нареди изградба на логистички центри на границите со Кина и Северна Кореја
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на Владата да изгради мултимодални транспортни и логистички центри по границите со Кина и Северна Кореја за зајакнување на инфраструктурата и трговските патишта во регионот на Далечниот Исток - соопшти денеска Кремљ.
Наредбата беше меѓу листата директиви по Источниот економски форум, каде што Путин ја задолжи владата да одобри посебен план за долгорочен развој...
Пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да бидат упатувани во странство, истакна Алиу
Аблација за коморна тахикардија првпат во државава е извршена на Универзитетската клиника за кардиологија. По тој повод Клиниката денеска ја посетија министерот за здравство Азир Алиу и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
Алиу на прес-конференција во Клиниката рече дека тимот од Кардиологија покажал дека во македонското здравство има знаење, храброст и визија за врвни резултати. Според...
Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет, истакна Кос
Ние Европејците треба да направиме многу повеќе за да ја преземеме контролата врз нашиот континент, да ги браниме нашите демократски вредности и да ја заштитиме нашата сопствена безбедност, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос при презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европарламентот.
- Ова може да се направи...
Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце
По повеќе од два месеци нема епилог во врска со наводите за непотребно извршени интервенции на срце во приватни здравствени установи кои ги испитува интерната комисија во Министерството за здравство. Досега се пристигнати околу 25 претставки, останува да се разгледаат уште седум или осум. Од интерната комисија формирана по наводите беше најавено дека ќе бидат вклучени и странски доктори,...
Кривична за две лица, осомничени дека со злоупотреба на лични податоци аплицирале за седум брзи кредити
СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Како што се наведува во дневниот билтен на МВР, пријавените довеле во заблуда...
Еден од единаесетте кандидати за судија во Стразбур веќе привлекува внимание во советот на Европа
75 ГОДИНИ ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИЈА И СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Процесот за избор на судија кој ќе ја претставува Република Македонија во Европскиот суд за човекови права полека влегува во завршна фаза, а вниманието на дел од дипломатските и новинарските кругови во Стразбур веќе се насочува кон еден од кандидатите — адвокатот Тони Менкиноски.
Во моментот кога Советот на Европа и...
Македонските власти продолжија да работат на спроведување на реформите, стои во извештајот на ЕК
Северна Македонија продолжи со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што сведочи за нејзиниот стратешки избор - се наведува во конечните заклучоци за земјава во Пакетот-извештаи за проширувањето изработени од Европската комисија.
- Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на акцискиот...








































