Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност, порача Кошта

Во ерата на геополитичка неизвесност и економска нестабилност, една проширена Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна Европа, дома и во светот, па затоа проширувањето е најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме денес за нашата иднина, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на Самитот за проширување на ЕУ организиран од Еуроњуз. - Ако го прочитате денешниот...

На затворена седница во Собранието, Рокас го презентира извештајот за напредокот на земјава

На затворена седница во Собранието, евроамбасадорот Михалис Рокас го презентира најновиот извештај за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон Европската Унија. На седницата, покрај претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, присуствуваат координатори на пратенички групи и претставници на парламентарни партии, меѓу кои Оливер Спасовски и Јован Митревски од СДСМ, Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Карапејовски од ЗНАМ и...

Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат, порача Мицкоски од Брисел

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки причини, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешниот Самит за проширувањето во Брисел, организиран од страна на телевизијата Еуроњуз. Мицкоски потенцира дека земјава го започна патувањето кон ЕУ пред...

Викендов во Скопје ќе се одржи танцов натпревар за деца и млади „Стејџ 2025“

Во сабота, 8 ноември, сцената на Националната опера и балет ќе се претвори во мозаик од движења, бои, емоции и музика: ќе се случува седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ 2025“. Со овој настан Скопје повторно ќе биде центар на талент, креативност и на младешка енергија. Настанот е организиран од балетското студио „Арт балет“. Цел ден, од 9 до...

Извештајот на ЕУ покажува дека Украина се движи „самоуверено“ кон членство, рече Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека најновиот извештај за Украина од Европската комисија покажува дека Киев „самоуверено“ се движи кон членство во ЕУ и е подготвен да ги отвори првите три поглавја од преговорите. -Очекуваме решителна акција од ЕУ за надминување на сите вештачки пречки за силна и обединета Европа - напиша украинскиот лидер на „Икс“.

Ќе се договара нов Изборен законик, а за измените на Кривичниот законик уште нема предлог од Владата, истакна Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал координација со координаторите на пратеничките групи по паузата поради одржувањето на локалните избори. Нагласи дека потребни се или измени на Изборниот законик или да се донесе целосно нов закон, информира Гаши на неделниот брифинг со новинарите. Како што потенцира Гаши, на координацијата сите се согласиле дека треба да разговараат со цел консензуално...

За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство, рече Кос

Следната година ќе биде момент на вистината за сите земји кандидатки за членство, но особено за оние кои презентираа амбициозни планови, бидејќи високите амбиции доаѓаат со високи очекувања за реформи, кои тие треба да ги спроведат за да овозможат трајна трансформација на нивните економии и општества за целосно прилагодување кон демократските стандарди и вредности на ЕУ. Ова го порача еврокомесарката...

Ги повторивме нашите позиции за Македонија, истакна Мицкоски од Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски состанокот со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, денеска во Брисел го оцени како „пријателски и прилично продуктивен“, на кој, како што изјави по сребдата „апсолутно ги повторивме нашите единствени позиции“. На средбата, како што информира Мицкоски, повторно било разговарано за актуелните теми, нормално приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување на...

Беким Сали ќе го замени Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, потврдија од ВРЕДИ

Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали - потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ Дритон Сулејмани. -Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе...

Изложба на дела од колонијата Дрен 2025 во Прилеп

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложба на дела од 17-та ликовната колонија „Марко Цепенков - Дрен 2025“, што Центарот ја реализираше во септември со поддршка на Министерството за култура и туризам. Најпрво, присутните гости ги поздравија директорката на Центарот Марија Попова Јованоска, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, а отворајќи ја изложбата,  координатор на...