Измама за сума од 14.700 денари пријавена во ОВР Неготино
Измама за сума од 14.700 денари била пријавена во ОВР - Неготино, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 08:40 часот во ОВР - Неготино, 56-годишен маж од село во општина Демир Капија, пријавил дека бил измамен за сума од 14.700 денари. Според пријавеното, тој и неговиот син започнале комуникација со лице кое на социјална...
Силјановска Давкова за извештајот на ЕК: Техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска истакна дека во извештаите на Европската комисија, државата која се евалуира може технички да напредува, но политички да е блокирана или техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма.
Силјановска Давкова за време на работната посета на Општина Ресен, одговорајќи на новинарско прашње да даде коментар за последниот извештај за напредокот на земјава, кој Европската...
На местото на Меџити во Владата треба да биде Беким Сали, вели Фетаи
Во Коалицијата ВРЕДИ сме согласни и го делиме мислењето дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде нашиот предлог - Беким Сали, изјави денеска вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање за реконструкција на Владата.
- Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за...
Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата е извршена во продажното место „Димпо“ во Битола. Иако добитникот не се согласи за јавно објавување на неговите податоци, тој сподели со нас дека за него оваа добивка претставува уште една потврда дека секогаш треба да се верува во...
Турците се најбројни туристи во земјава, по нив се Србите, Германците и Полјаците
Во септември годинава во земјава се евидентирани 132.999 туристи кои оствариле 262.686 ноќевања, соопшти Државниот завод .
Од вкупниот број туристи, 24,6 проценти се домашни, а 75,4 проценти се странски. Од вкупно 262.686 ноќевања, 31,8 проценти ги оствариле домашните туристи, а 68,2 проценти странските.
Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број...
Во штипскиот Основен суд на 27 ноември почнува судењето за убиството на турскиот државјанин
Судењето за убиството на турскиот државјанин во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип почнува на 27 ноември во Основниот суд во Штип. Судијата Јулијана Недкова е назначена за овој предмет, во којшто се опфатени пет лица, од кои еден е обвинет за сторено кривично дело убиство и за кривично дело неовластено држење на оружје и експлозивни материјали, а...
Почина ловџија од Конче, во него од небрежност пукал друг ловџија
Ловџија од Конче вчера починал откако во него друг ловџија од небрежност испукал еден истрел што го погодил во пределот на стомакот и раката. Двајцата заедно со уште неколкумина други ловџии биле во лов на дивеч без да поседуваат дневни дозволи за лов.
Како што соопшти МВР, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за лицето што пукало...
Коцевски го охрабри Ѓорѓиевски да пријави злоупотреби во јавните претпријатија ако има докази
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија е надлежен и тоа може да го пријави, вели Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан дали Обвинителствот ќе постапува по допрен глас по изјавите дека имало злоупотреби во јавните претпријатија.
Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека Јавното...
Во септември се издале 314 одобренија за градење
Во септември годинава се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7,12 милијарди денари, што е за 5,2 проценти помалку во однос на истиот месец лани.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220...
Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители, истакна Коцевски
Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука - изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги...







































