Трамп го потпиша Законот за финансирање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа го потпиша законот за финансирање со кој заврши  најдолгата блокада во работата на една влада во историјата на САД, кратко откако Претставничкиот дом ја изгласа мерката, јави ДПА. Потписот на Трамп, кој се сметаше за формалност откако мерката беше усвоена во двата дома на Конгресот, стави крај на 43-дневниот застој што остави стотици илјади федерални...

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда. На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои...

Г7 најави дека ќе продолжи поддршката за Украина

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г7 на последниот ден од состанокот во Нијагара, на канадско-американската граница, истакнаа дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и да вршат притисок врз Русија, а Отава објави нови санкции кон Москва. На денешниот состанок присуствуваше и шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха, кој ја повика Г7 да продолжи да вложува во производство...

Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски со објава преку Фејсбук соопшти дека денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје - булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода. -По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа! Ова е проект што претставува вистински пресврт за...

Николоски: Транспортот во Скопје ќе се реши со комбинација на Градски воз, набавка еко автобуси и проектот БРТ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека транспортот во Скопје ќе се реши единствено ако се комбинираат проектите за Градски воз, набавка на нови еколошки автобуси и проектот за БРТ. -За да го решиме транспортот треба да се направат трите работи паралелно. Едно е возобновувањето на возниот парк на ЈСП со електрични автобуси за што веќе работиме. Второто...

Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција, вели Трипуновски

 Опозицијата да не шпекулира, само 50-тина договори од ИПАД програмата кои што се во фаза на реализација, се стопирани, истакна вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. - Првенствено е многу важно да кажам дека борбата со криминалот нема селекција. Без најави, без политички притисоци, без многу обзнанување во јавноста или било какви реакции, се делува да се...

Француската влада одигра клучна улога во потпишувањето на договорот со Бугарија за пругата од Коридорот 8, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва во Топ тема на телевизија Телма осврнувајќи се на потпишувањето на Договорот со Бугарија за пругата за Коридорот 8, посочи дека проблемот во суштина бил повеќе инженерски, а не политички. Министерот појасни дека имало многу емисии во Бугарија кои ја ширеле тезата дека Николоски и бугарскиот министер за транспорт и врски Караџов лажеле во...

Стоилковиќ – Месаровиќ: Македонско-српски бизнис форум во Скопје на 3 декември, заедничка цел e стабилен и економски поврзан регион

Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, денеска во Белград имаше работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Србија, Адријана Месаровиќ. На средбата се разговараше за претстојниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во Скопје на 3 декември, за натамошното унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, за...

Дијана Хрка вели дека не се откажува од штрајкот со глад пред српското Народно собрание

Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој загина при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, штрајкува со глад единаесетти ден, веднаш до платото  на српскиот парламент. Таа попладнево се обрати до медиумите, нагласувајќи дека и покрај влошувањето на нејзиното здравје, нема да се откаже од штрајкот со глад. Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на...

ДКСК иззема член од Комисијата за избор на судија во Европскиот суд поради судир на интереси

Со изземањето на службеното лице ќе се избегне било какво влијание директно или индиректно врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во согласност со принципите на транспарентност, еднаков третман и јавен интерес. Вака одлучија на денешната 25. седница членовите на Државната комисија за спречување...