Нека ни е честит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

Можеме ли денес да го замислиме Скопје пред 81 година, во тоа магливо и студено ноемвриско утро. Достатно долго време овој крупен настан на нашата историја да се промислува и да се реафирмира во една силна, револуционерна и прогресивна идеја. Во ноемвриската есен на 1944 година, Скопје беше исправено во сите аспекти на својата локална и национална егзистенција пред еден...

СЗО: Туберкулозата останува водечка причина за смрт од заразни болести во светот

Туберкулозата останува водечка причина за смрт од заразни болести во светот, убивајќи само минатата година приближно 1,23 милиона лица, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи на кршливоста на напредокот во борбата против болеста. Бројот на смртни случаи од туберкулоза се намали за три проценти во 2024 година во споредба со 2023 година, додека бројот на случаи на болеста се намали...

Училишниот ден треба да биде задоволство, а не одбивност

Наставниот ден трае пет, шест, седум наставни часа, а може да се случи да трае и помалку. Знаеме дека истрајноста на последните часови е минимална, зависно од распоредот во денот што го имаат учениците. Во некои денови имаат потешки предмети, некогаш полесни и така според наставните програми по кои работат. Како и да е, сепак сметам дека јазици не...

Денот кога слободарскиот дух на македонската нација се вивна над Македонија

Тринаесетти ноември, Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна Партизаните што маршираа со песна кон Скопје не беа само војници - тие беа носители на вековниот стремеж за слобода, гласот на народот што не можеше повеќе да ги трпи синџирите на ропството. Нивната победа беше победа на духот над насилството, на надежта над уништувањето, на животот над...

Ослободување од поданичката матрица

Низ симболиката на ослободувањето може да се насети патот по кој треба да врви модерната македонска држава, да се оттргне од чувството на помала вредност и самата да ги креира решенијата што ќе значат подобар живот на граѓаните и посилна позиција на државата Факт е дека светот сега е мултиполарен, има повеќе опции, повеќе играчи на светската сцена....

Македонија да стане држава што избира

Повод: Симболизмот на 13 Ноември - слобо дно Скопје, отфрлање на потчинетоста на Македонија, ослободување на духот на Макед онецот и одбирање на патот на независноста Сега е време кога треба да се одигра проактивно, но и поагресивно. Во недостиг од почитување на правилата, принципите и актите на меѓународното право, ние треба многу остроумно, снаодливо, паметно, интелигентно, но не...

Божиновска – Де Грут: Можности за големи енергетски инвестиции и зелена трансформација во Македонија

Министерката за енергетика Сања Божиновска оствари работна средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт де Грут, кој ја надгледува активноста на банката во Западен Балкан, вклучително и Македонија. Средбата се одржа во рамките на посетата на потпретседателот Де Грут на земјава, при што тој ја потврди својата поддршка за развојот на стратешки проекти во енергетскиот сектор, соопшти...

Македонското градежништво мора да расте, вели Николоски

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во градежништвото од 9 отсто, а растот на услуги по транспорт е 6,1 отсто и тоа е далеку над растот кој го има државата. Тоа покажува дека овие два сектори растат, вели вицепремиерот Александар Николоски. Тој во интервјуто на „Топ Тема”...

Промоција на книгата „Разбудена вода“ и изложба „Будна вода“ во Домот на културата „Кочо Рацин“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ - Скопје на 14 ноември 2025 година ќе се одржи промоцијата на збирката „Разбудена вода“ и ќе се отвори ликовната изложба „Будна вода“ со дела на Дијана Петкова. Настанот ќе започне во 20 часот во големиот салон, а промотори се Елена Пренџова и Цветанка Бурзовска.

Хрка вчера заврши во болница, по медицинската нега се врати пред српското Собрание

 „МедиГруп“ доцна синоќа објави дека Дијана Хрка е примена во Општата болница на тој приватен здравствен систем поради влошување на нејзината здравствена состојба и дека, по дијагнозата, и е обезбеден постојан медицински надзор и соодветна терапевтска нега. - Приоритет на сите преземени мерки е зачувувањето на нејзиното здравје и целосна медицинска безбедност - соопшти „МедиГруп“ и побара од медиумите и...