Колку е здраво темното чоколадо
Темното чоколадо може да има позитивни ефекти врз срцето и метаболизмот.
Повисок процент на какао значи повеќе корисни хранливи материи. Количеството и изборот на чоколадо се клучни за здрав ефект. Темното чоколадо неодамна стана многу популарно на социјалните медиуми. Многумина укажуваат на неговите можни придобивки, вклучително и поддршка на здравјето на срцето и мозокот, како и намалување на ризикот од...
Почнува реконструкцијата на Универзалната сала – нов лик за културниот симбол на Скопје
По долгогодишни одложувања и административни пречки, започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзална сала, еден од најпрепознатливите културни симболи на Скопје, пренесе МИА.
Од Министерството за култура и туризам информираат дека постапката за избор на изведувач е успешно завршена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одбила жалбата како неоснована и го потврдила изборот на најповолна понуда. Со тоа...
Научниците претставија генетски модифицирани растенија што светат во темница
Кинеските научници претставија генетски модифицирани растенија што светат во темница, иновација за која тврдат дека би можела да го промени начинот на кој ги осветлуваме градовите, но и да ги подобри туризмот и одржливиот дизајн. Ова се растенија развиени со помош на технологија за уредување гени, кои емитуваат мек природен сјај благодарение на успешниот трансфер на гени што произведуваат...
Тамбора останува последната масовна ерупција на планетата
Планината Тамбора го промени светот. Во 1815 година, индонезиски вулкан експлодираше во најмоќната ерупција во запишаната историја, испраќајќи огромен облак од ситни честички што го рефлектираат сонцето високо во атмосферата, ладејќи ја планетата и доведувајќи до катастрофа. Она што следуваше беше наречено „година без лето“: глобалните температури паднаа, посевите пропаднаа, луѓето гладуваа, се прошири пандемија на колера и десетици...
Македонија и апостолот Павле: првата врата на христијанството
Знаменитостите на Македонија
Македонија станува првата врата на Европа за христијанството, земја каде што светлината на новата вера за првпат се всели и почна да се шири кон западниот свет. Овој историски момент не е само географска одредница туку и духовен симбол – сведоштво дека токму овде започна преобразбата на европската цивилизација. Присуството на Свети апостол Павле во Македонија...
За магичниот реализам во „Џипси меџик“ на Столе Попов (3)
Антиупатства за лична употреба
(филмофилски импресии)
***
Како и во „Оган“, во „Дае“ дијалогот го заменуваат звуци – додека таму беше застрашувачкото блуење на големите машини, тука звучната кулиса е поразновидна. Реката, ветерот, топотот на коњите на номадско-чергарската дружина, ритамот на тапаните, завивањето на трубите... мајсторски и натурално се доловени, а пред сѐ - криците на „невидливата“ породилка, внатре во еден...
Никола Ристановски – најдобар актер на „Актерските свечености“ во Пожаревац
На втората вечер на 30-от фестивал на глумата „Миливое Живановиќ“ во Пожаревац, „Театар Ѕвездара“ од Белград се претстави пред жирито и публиката. Овој ансамбл ја изведе претставата „Уна“ во режија на Дејан Пројковски. Стручното жири и жирито на публиката едногласно одлучија дека најдобар актер на вечерта е Никола Ристановски. Претставата, работена според текстот на Момо Капор, ја постави режисерот...
Изложбата „Исцелување на животот“ на Томе Мишев во „Метаноја“
Изложбата „Исцелување на животот“ на Томе Мишев ќе биде отворена во галеријата „Метаноја“, денеска во 19 часот. За изложбата, Коста Милков вели: „Сликите на Мишев држат рамнотежа меѓу мачнината и убавината на постоењето, меѓу егоизмот и алтруизмот, меѓу ризикот и љубовта, меѓу стравот и надежта. Човечките фигури се најчесто поставени централно, а сцените околу нив се раздвижени во дејство,...
Исповеди за меморијата на телото, траумата и за културниот код
Рецензија
Кон видеоинсталацијата „Телото што ја помни тишината“ на уметницата Тања Балаќ, претставена во МСУ-Скопје
Антоанела Петковска
Предизвикувачкиот креативен акт, би рекле и „манифест“ на реномираната уметница Тања Балаќ, насловен „Телото што ја помни тишината“, во Музејот на современата уметност, институција од големо значење за македонската култура, за која ме врзуваат и лични спомени како дел од мојот културен капитал,...
Изложба на Илина Арсова во Истанбул
Во Македонскиот културен центар во Истанбул е отворена изложбата „Х.О.П.Е.“ на македонската уметница Илина Арсова. Изложбата претставува визуелно истражување на концептот на хармонија како состојба на рамнотежа, емпатија и заедништво. Во контекст на современите урбани средини, какви што се Скопје и Истанбул, обележани со неизвесност и динамични општествени и еколошки предизвици, проектот отвора простор за дијалог, рефлексија и за...








































