Битката за титулата кај мажите стартува на 16 април

Финалната серија од плејофот во машкото национално првенство ќе стартува на 16 април во Штип, каде најдобрите две екипи сезонава, Штип УГД и ГОК Борец, ќе ја започнат битката за шампионската титула, која традиционално се игра во три добиени натпревари. Лидерот на прволигашката табела Штип УГД и второпласираниот ГОК Борец низ целата сезона покажаа константност и квалитет со кои заслужено...

Мицкоски: Македонија прва во Европа со стратешки дијалог на високо ниво со САД

Македонија е првата европска земја што воспоставила ваков вид стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави, изјави премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека државата во овој процес е третирана како рамноправен партнер, пренесе МИА. Тој информира дека веќе е усогласена заедничка изјава за царинските тарифи, а потврдени се и одредени инвестиции кои допрва треба да се реализираат. Според него, ова претставува значаен...

Ленче Ристоска поднесе оставка, Советот на јавни обвинители ја констатираше нејзината функција во ОЈО Скопје

На 42-та седница на Советот на јавни обвинители, беше усвоено барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, кое таа го поднела на 2 април 2026 година по сопствено барање. Претседателот на Советот, Башким Бесими, истакна дека Советот само констатирал престанок на функцијата и не коментирал причините за оставката, бидејќи тоа е...

Аудиоснимки од пријави на Ивана презентирани како докази против Стојанче Јовановски

На судењето против Стојанче Јовановски, обвинет за убиството на својата сопруга Ивана Јовановска и нивната ќерка Катја, беа презентирани аудиоснимки од пријави направени од Ивана и други лица како клучни материјални докази, пренесува МИА. Снимките, најмногу од 2 март 2026 година, непосредно пред трагичниот настан, покажуваат континуирани расправии и физичко насилство. Во тие пријави, Јовановски ѝ порачува на Ивана дека...

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Гупацијата - дванаесетта година е дел од хуманитарната иницијатива “Подај рака“ на Општина Илинден, која општината ја спроведува во соработка со Црвениот крст. Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт заедно со вработените денеска ги предадоа хуманитарните пакети на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во...

Позитивните одеци за активностите на Здружението на граѓани „Меридијан Атлетик Еко“ од Кавадарци

Што помасовно рекреативно спортување, здрава животна околинаи ширење на здравиот дух меѓу младите генерации. На 7-ми Април оваа година се навршија точно 11 години од формирањето на Здружението на граѓани „Меридијан Атлетик Еко“ од Кавадарци кое во себе ги обединува љубителите на рекреативното спортување и природатата од Кавадарци. Она што во овие изминати години го направи здружението е исклучително позитивниот одек...

Одбележување на денот на Ромите во Прилеп

Со подигнување на знамето на ромската заедница, на јарболот пред општината, денеска во Прилеп започнаа активностите за одбележувањето на 8 Април - меѓународниот ден на Ромите. Во знак на почит кон ромската заедница знамето го подигнаа Дејан Проданоски, градоначалник на општина Прилеп и советникот Алмир Сулејманоски, при тоа потенцирајќи дека се реализираат проекти за подоброување на условите за живот на Ромите во населбата Тризла. -...

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!

Инстант лозот „Мега милионер“ на Државна лотарија ја нуди најголемата парична добивка од инстант лотаријата – 10.000.000 денари. Со оваа рекордна премија, „Мега милионер“ се издвојува како најатрактивниот инстант лоз во историјата на Државна лотарија. Првиот среќен добитник на оваа премија доаѓа од Битола. Добитниот лоз е купен во продажното место „Димпо“ – локација препознатлива по многу среќни добивки од игрите на среќа на...

Зголемен сообраќај на Ќафасан: Викенд-шопинг и точење гориво ги носат Албанците во земјава

Пониските цени на горивата и храната во земјава значително ја зголемија фреквенцијата на патници на граничниот премин Ќафасан, особено за време на викендите. Најголем дел од посетителите доаѓаат од пограничните региони на Албанија и најчесто престојуваат кратко во Струга, со цел да наполнат гориво и да купат прехранбени производи, пренесе МИА. Според податоците на СВР Охрид, само во првите шест...

Мицкоски: Денот на Ромите е повик за конкретни чекори, фокусот на образованието и еднаквоста

Светскиот ден на Ромите не треба да биде само симболично одбележување, туку потсетник за вистинските вредности – човечкото достоинство, еднаквоста и потребата од конкретни мерки. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека е време за одлуки, визија и храброст, пренесе МИА. Тој посочи дека клучот за напредок лежи во образованието, кое мора да биде достапно за секое ромско дете....