Ода на разнебитувањето
Во изминатите години Македонија се претвори во место каде што царуваат неуки трговци со државните интереси, трговци со македонизмот, продавачи на честа, доблестите и достоинството, пред сѐ на македонскиот народ, но и на сите граѓани на Македонија.
Во изминатите пет години „ограбени се храмовите и светиите, исмеани се честа и доблестите, понижени се гробовите и животите, извалкани се опелото и крштевките.“ Во изминатите пет години „својата мудрост ја расфрлавме на избори, својата храброст на измами и бедотии, на иднината ѝ ги затрувме сите извори, а поразите ги прогласивме за победи.“
Но кога пожарот ќе ги зафати сите страни, каде ќе бегаме од светлината и од судот! Каде ќе бегате од светлината на вистината и од судот на вашите поколенија.
Пишува во својата анализа академик Љупчо Коцарев.