Во документарниот филм „Како комуницираат октоподите“ на Пи-би-ес може да се види како еден октопод додека спие и сонува ги менува боите.

Поморскиот биолог Дејвид Шил раскажува дека октоподот можеби сонува за некаков рак и затоа почнал постепено да ја менува бојата.

– Потоа бојата на октоподот станала потемна затоа што на тој начин се камуфлира за да може да го изеде ракот. Навистина е фасцинантно ако токму за тоа сонува – вели биологот Шил.